Спорт

Табелата за Светското фудбалско првенство никогаш не изгледала подобро за Македонија

На табелата по 5 кола води Македонија со 11 бода без пораз

Табелата за Светско првенство по петтото коло од квалификациите за Светското фудбалско првенство 2025 година и било кои други квалификации никогаш не изгледала подобро за Македонија.

На табелата по 5 кола води Македонија со 11 бода без пораз.

Втор на табелата е Велс со 10 бода а на трето место е најголемиот фаворит за првото место на табелата Белгија има 7 бода од 3 меча.

Казахстан е на четврто место со 3 бода од 5 меча а на последно место е Лихтенштајн со 0 бодови.

Првиот на табелата оди директно на СП 2025 а вториот на табелата ќе има можност да се пласира на светското првенство преку бараж.

Македонија доколку не загуби против Велс во реваншот има реални шанси за бараж.

Доколку се случи и сензација против Белгија Македонија ќе има шанси да оди директно на Светското фудбалско првенство идната година.

Македонија најблиску до светски шампионат беше во квалификациите за СП 2022 во Катар, кога во баражот го нокаутира четирикратниот светски првак Италија со 1:0 во Палермо, а потоа во решавачкиот дуел загуби од Португалија со 2:0 во Порто.

Најнови вести од: Спорт

To top