Спорт

Андовска до Манасков и Лазаров: Дајте бе, луѓе, „шака јада“ сме, дајте заедно да правиме подобро

Професорката и љубител на спортот ги повика ракометарот и селекторот „да си ги надминат егата“ заради Македонија

Професорката Дарија Андовска од Факултетот за музичка уметност во Скопје ги повика ракометарот Дејан Манасков и селекторот Кирил Лазаров да ги надминат недоразбирањата во интерес на македонската репрезентација, откако левото крило на Еурофарм Пелистер ја одби поканата да се врати во националниот тим.

„Тамам се израдувавме
дека Манасков е пак во репрезентацијата,
сега тој нејќе да се врати.
Би било добро двајцата
(и Лазаров, и Манасков)
да успеат да си ги надминат егата
за доброто на репрезентацијата и на Македонија.
Ете, Лазаров попуштил,
ама сега инаетот е од другата страна.
Дајте бе, луѓе, шака јада сме,
дајте заедно да правиме подобро 🙏“, повика на Фејсбук љубителката на спортот, навивач на националните селекции и чест посетител на нивните настапи.

Најнови вести од: Спорт

Во продажба билетите за Суперкупот со четири шпански гиганти: Фудбалскиот спектакл на Шпанија пристигнува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија 2027 во Истанбул се организира во соработка со Министерството за култура и туризам и Министерството за млади и спорт на Турција, Генералната управа за забава на Кралството Саудиска Арабија, Кралската шпанска фудбалска федерација, Турската фудбалска федерација, компанијата за организација на настани Sela Events и турската агенција за комуникации и маркетинг Hezarfen Ajans.

To top