Спорт

Успешен старт на Ѓорческа на тенискиот турнир во Порторож

Седмата носителка од Македонија славеше во три сета по пресврт против Швеѓанката Персон

instagram.com/linagjorcheska

Лина Ѓорческа ја оправда фаворитската улога на стартот од тенискиот турнир во Порторож, Словенија, кој се игра на земјени терени и за награден фонд од 60.000 американски долари.

Седмата носителка од Македонија, неделава 191. на ВТА-листата во поединечна категорија, славеше по пресврт со 4-6, 6-3, 6-2 по 100 минути игра против Кајса Риналдо Персон (249.) од Шведска, искористувајќи ја првата меч-топка, и тоа на сервис на противничката.

Најдобрата македонска тенисерка во осминафиналето ќе игра со подобрата меѓу Викторија Хрунчакова (217.) од Словачка, некогаш 43. светски женски рекет, и Катарина Заватска (251.) од Украина.

Најнови вести од: Спорт

Рекордни 15 илјади и 50 тркачи од 63 држави на „Виз ер“ Скопскиот маратон!

Главниот град на Република Македонија денеска повторно пулсираше во ритамот на трчањето. На 22. издание на Виз Ер Скопскиот маратон, рекордни 15.050 тркачи од 63 земји ги исполнија улиците на градот, а долж патеката ги следеше публика од сите генерации, која со аплаузи и бодрење беше со нив од првите метри до целта. Сонцето, насмевките и доброто расположение го претворија денот во вистинска прослава на трчањето, со Скопје во центарот на една голема спортска приказна.

To top