Спорт

Успешен старт на Ѓорческа во Лајпциг

Најдобрата македонска тенисерка ја совлада Украинката Фирман и ја прекина низата од три порази по Вимблдон

Лина Ѓорческа ја прекина серијата од три порази по историското деби на Вимблдон, тргнувајќи со победа на тенискиот турнир во германскиот град Лајпциг, кој се игра на земјени терени и за награден фонд од 60.000 американски долари и кадешто таа е втора носителка.

На најдобрата македонска тенисерка, неделава 223. на ВТА-листата во сингл, ѝ беа потребни 2:31 часа за да го скрши отпорот на Анастасија Фирман (605.) од Украина и на крајот да слави со 6-4, 4-6, 6-4.

Во третиот и решавачки сет немаше брејк во првите пет гема, а потоа Ѓорческа поведе со 5-2 и не ја испушти предноста до крајот, искористувајќи ја уште првата меч-топка на сервис на 19-годишнат а противничка.

Следна противничка на тетовката, која вчера наполни 32 години, ќе ѝ биде Алена Ковачкова (432.) од Чешка, а мечот е закажан за вчетврток од 10 часот.

 

 

Најнови вести од: Спорт

Во продажба билетите за Суперкупот со четири шпански гиганти: Фудбалскиот спектакл на Шпанија пристигнува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија 2027 во Истанбул се организира во соработка со Министерството за култура и туризам и Министерството за млади и спорт на Турција, Генералната управа за забава на Кралството Саудиска Арабија, Кралската шпанска фудбалска федерација, Турската фудбалска федерација, компанијата за организација на настани Sela Events и турската агенција за комуникации и маркетинг Hezarfen Ajans.

To top