Спорт

Вардар ѝ побегна на Струга на врвот на табелата

На стартот од пролетната полусезона „црвено-црните“ го декласираа Арсими со 5:1 и сега имаат 4 бода повеќе од стружани

Со победата од 5:1 над Арсими на тренинг-центарот на ФФМ, Вардар се зацврсти на врвот на табелата во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) и ѝ побегна четири бода на второпласираната Струга, која вчера загуби со 2:0 во дербито со Шкендија во Тетово.

Засилувањата Стефан Цветковиќ, Бобан Николов и Дарко Велковски дебитираа за „црвено-црните“ со гол, а во листата на стрелците се запишаа и Немања Босанчиќ, и Азер Омерагиќ, кој со 9 погодоци го дели четвртото место меѓу голгетерите во лигата.

Во другиот меч денеска Силекс и Башкими одиграа без голови во Кратово.

По 17 одиграни кола тимот на Гоце Седлоски води со 45 бода, пред стружани со 41, Шкендија со 39, Силекс со 32 итн.

 

Најнови вести од: Спорт

To top