Спорт

ЗОИ 2026: Ставре Јадa го освои 83. место во трката на 10 километри

Ова воедно е последен настап на македонските нордијци

Македонскиот олимпиец Ставре Јада на својот втор настап на ЗОИ во Милано Кортина го освои 83.место во трката на 10 километри крос кантри слободен стил. Тој патеката ја мина за 25:28.9 минути и имаше заостанување од 4:52.7 минути зад победникот Јоханес Хоесфолт Клаебо од Норвешка. Трката за завршија 111 натпреварувачи.

Јада на Игрите настапи и во спринт трката, додека од нашите олимпијци вчера настап во нордиско трчање имаше и Ана Цветановска.

Ова воедно е последен настап на македонските нордијци, додека претставниците во алпско скијање ќе се појават на патеките – Виктор Петков на 15.февруари и Јана Атанасовска на 18.февруари.олим

Најнови вести од: Спорт

Александар Трајковски емотивно се повлече од македонската фудбалска репрезентација

Во својата објава, искусниот фудбалер истакна дека носењето на државниот дрес за него отсекогаш било многу повеќе од обврска – претставувало чест, гордост и огромна одговорност.

Македонските ракометари во група со Шведска, Грција, Луксембург во квалификациите за ЕП 2028

Македонската ракометна репрезентација ги доби ривалите од квалификациската група за пласман на Европското првенство 2028 на извлекувањето што вечерва се одржа во Лисабон

To top