Свет

24 години од најсмртоносниот напад на американска територија

На 11 септември 2001 година, четири киднапирани патнички авиони беа употребени како оружје, загинаа речиси 3.000 луѓе

Дваесет и четири години по најсмртоносниот напад на американска територија, Американците застануваат да се сетат на речиси 3.000 жртви од терористичкиот напад на 11 септември 2021.

Церемонии и настани се одржуваат низ целите Соединети Држави за да се одбележи мрачната годишнина од нападот што го извеле 19 припадници на Ал Каеда во 2001 година.

На 11 септември 2001 година, четири киднапирани патнички авиони беа употребени како оружје.

Два се урнаа во кулите близначки на Светскиот трговски центар во Њујорк, трет го погоди Пентагон веднаш надвор од Вашингтон, а четвртиот се урна на поле во Шанксвил, Пенсилванија, откако патниците возвратија.

Кулите на Светскиот трговски центар имаа по 110 ката. Во тоа време тие беа меѓу петте највисоки згради во светот. И двете се урнаа во рок од еден час и 40 минути по ударот. При уривањето, уништени или оштетени се и други околни објекти.

Во девет часот и 37 минути трет авион се урна во зградата на Пентагон во округот Арлингтон, Вирџинија. Тоа беше уште еден авион на „Американ ерлајнс“.

Четвртиот киднапиран авион се урна во Пенсилванија во 10 часот и три минути во поле во близина на Шанксвил, откако патниците ги нападнаа киднаперите.

Се претпоставува дека било планирано авионот на „Јунајтед ерлајнс“ да удри во Белата куќа, односно зградата на Конгресот во Вашингтон.

Во нападите загинаа 2.977 луѓе, не вклучувајќи ги 19-те киднапери.

Меѓу жртвите беа граѓани од 77 земји и 441 лица за прв одговор во Њујорк.

Одговорот на САД на нападите вклучуваше воена инвазија на Авганистан за разбивање на Ал Каеда и лов на нејзиниот водач, Осама бин Ладен, кој беше убиен во напад во 2011 година во Пакистан.

Денешните комеморации вклучуваат годишно читање на имињата на жртвите во Споменикот и музејот на 11 септември во Њујорк, со моменти на молчење за да се одбележат времињата кога авионите удриле и паднале кулите.

Најнови вести од: Свет

Штајнмаер го спореди доаѓањето на Трамп на власт со руската инвазија на Украина

Нарекувајќи ја војната непотребна и „политички катастрофална грешка“, Штајнмаер рече дека вториот мандат на Трамп означи прекин во германските надворешни односи, длабок како и руската инвазија на Украина.

Техеран со потсмев на изјавата на Трамп: Ормускиот теснец ќе го контролираме заедно јас и ајатолахот (ВИДЕО)

Иранската амбасада во Саудиска Арабија објави иронична и провокативна објава на социјалната мрежа X, со која се потсмева на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Ормушкиот теснец „ќе го контролира тој и ајатолахот“.

Се крои ново пуштање нафта од резервите, од кога конкретно?!

Земјите-членки на ИЕА веќе на 11 март одлучија да ослободат рекордни 400 милиони барели нафта од резервите, што одговара на околу една петтина од вкупните резерви, на пазарот со цел да се ублажи наглиот пораст на цените на нафтата на светските пазари.

Најнови вести

To top