Свет

Америка го нападна Иран!

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека САД ноќеска извршиле напади врз три нуклеарни објекти во Иран. „Го завршивме нашиот многу успешен напад врз три нуклеарни објекти во Иран, вклучувајќи ги Фордоу, Натанц и Исфахан. Сите авиони сега се надвор од иранскиот воздушен простор“, напиша тој на својата социјална мрежа Truth Social. Тој додаде дека […]

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека САД ноќеска извршиле напади врз три нуклеарни објекти во Иран.

„Го завршивме нашиот многу успешен напад врз три нуклеарни објекти во Иран, вклучувајќи ги Фордоу, Натанц и Исфахан. Сите авиони сега се надвор од иранскиот воздушен простор“, напиша тој на својата социјална мрежа Truth Social.

Тој додаде дека врз Фордоу е фрлен „полн товар бомби“ и дека сите авиони се на пат кон САД.

Директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси изрази „длабока загриженост“ за воздушните напади на САД врз иранските нуклеарни објекти.

Гроси рече дека нападите врз Фордоу, Натанц и Исфахан претставуваат „опасна ескалација“ и „директна закана за меѓународниот мир и безбедност“.

Во вечерашното обраќање, американскиот претседател Доналд Трамп, исто така, ѝ се заблагодари на израелската армија за она што го нарече „одлична работа“, а посебно ги пофали американските пилоти и војници кои учествуваа во нападот врз нуклеарните постројки на Иран.

„Сакам да ѝ се заблагодарам на израелската војска за прекрасната работа што ја завршија, а што е уште поважно, сакам да им честитам на големите американски патриоти кои ги пилотираа тие прекрасни машини вечерва, како и на целата американска војска за операција каква што светот не видел со многу, многу децении“, рече Трамп во обраќањето до нацијата во саботата навечер.

Тој додаде дека ниедна армија во светот не можела да го направи она што го направија САД и го пофали врвот на американската команда.

Најнови вести од: Свет

Футуристички пиштол без звук и чад: Кина ја откри новата електромагнетна технологија

Кина официјално го претстави компактното електромагнетно оружје во облик на пиштол, кое е способно да ги онеспособи целите без смртоносна сила кога е потребно, или да ослободи значително поголема моќност доколку ситуацијата го бара тоа.

Светско предупредување: Војната ја турка инфлацијата кон 7%?!

Шефицата на ММФ се осврна и на фискалната политика, предупредувајќи дека владите мора да бидат внимателни да не ја комплицираат дополнително работата на централните банки со своите потези. Претставниците на ММФ, рече таа, веќе работат со поединечни влади на пакети за фискална поддршка кои треба да бидат привремени и јасно временски ограничени.

Најнови вести

To top