Свет

Американски конгресмен со предлог-закон за анектирање на Гренланд

Целта на иницијативата е да се овласти американскиот претседател да преземе чекори за анектирање на Гренланд, а потоа и да го признае како држава во рамките на САД

Републиканскиот конгресмен Ренди Фајн поднесе закон во Претставничкиот дом на САД за „анекtирање и доделување државност“ на Гренланд, според соопштението објавено од пратеникот.

„Гренланд не е далечна испостава што можеме да си дозволиме да ја игнорираме — тој е од витално значење за националната безбедност“, изјави Фајн за медиумите.

Кој и да го контролира Гренланд, нагласи тој, ги контролира клучните арктички поморски патишта и безбедносната архитектура што ги штити САД.

„Америка не смее да ја остави таа иднина во рацете на режими што ги презираат нашите вредности и се стремат да ја поткопаат нашата безбедност“, додаде Фајн.

Целта на иницијативата е да се овласти американскиот претседател Доналд Трамп да преземе чекори за анексирање на Гренланд, а потоа и да го признае како држава во рамките на Соединетите Американски Држави. Законот бара да се достави извештај до Капитол за потребните законски измени.

Данската премиерка Мете Фредериксен даде серија изјави во кои предупредува дека секој чекор кон анексирање на Гренланд би значел крај на НАТО и на целиот меѓународен безбедносен поредок воспоставен по Втората светска војна. Таа нагласи дека Гренланд не е стока што може да се купи и дека Соединетите Американски Држави немаат право да анектираат територија од Кралството Данска.

Премиерот на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен, беше уште подиректен на социјалните медиуми и официјалните канали: „Доста!“ Тој го повика Доналд Трамп да престане со „фантазиите за анексирање“ и ја опиша реториката на Вашингтон како „целосно неприфатлива“.

И покрај острите реакции, Белата куќа (преку портпаролката Керолин Левит) изјави дека стекнувањето на Гренланд е „национален безбедносен приоритет“ и дека воената опција е „секогаш опција“ за спречување на Русија и Кина на Арктикот.

Најнови вести од: Свет

Помалку кондоми, кеси за ѓубре и медицински материјал – Нафтената криза се претвора во криза на сè

Притисокот сега се шири на сите делови од потрошувачкиот пазар, при што цените на материјалите како што се пластика, гума и полиестер растат. Последиците се најочигледни во Азија, која сочинува повеќе од половина од светското производство и е во голема мера зависна од увезената нафта и други суровини.

To top