Свет

Белгиски телекомуникациски гигант под сајбер-напад , проруска хакерска група ја презеде одговорноста

Досегашните сознанија укажуваат дека нападот не предизвикал прекини во интернетот или во телекомуникациските услуги за корисниците на двата провајдери.

Утринава, веб-сајтовите на белгискиот телекомуникациски гигант „Проксимус“ и на операторот „Скарлет“ станаа жртва на сајбер-напад, за кој одговорноста ја презеде проруската хакерска група „NoName057“.

Досегашните сознанија укажуваат дека нападот не предизвикал прекини во интернетот или во телекомуникациските услуги за корисниците на двата провајдери.

Според најновите информации, и „Проксимус“ и „Скарлет“ веќе ја повратиле целосната контрола врз своите онлајн платформи.

Нападот бил изведен со техника на „бомбардирање“ на серверите со огромен број барања, со што тие биле преоптоварени и веб-сајтовите станале недостапни за редовните посетители.

Белгискиот печат објави дека, освен двата телекома, мета на слични сајбер-напади биле и интернет-страницата на една приватна компанија и на општината Комин-Варнетон, која припаѓа на валонскиот град Ено.

Најнови вести од: Свет

Предупредување на најголемо нарушување на пазарот на нафта поради војната на Блискиот Исток

Од почетокот на конфликтот на 28 февруари, повеќето од седумте земји од Персискиот Залив – Саудиска Арабија, Ирак, Обединетите Арапски Емирати, Кувајт, Катар, Бахреин и Иран – значително го намалија производството поради нивната зависност од Ормутскиот теснец.

Трамп: САД имаат ќар од високите цени на нафтата – „заработуваме многу пари“

Американско-израелските напади врз Иран го затворија Ормутскиот теснец, клучен пат за снабдување низ кој тече околу 20 отсто од глобалната нафта. Во средата, три брода беа погодени од непознати проектили во каналот, при што два од бродовите претрпеа штета, а третиот се запали. Без разлика на потеклото, цената на нафтата брзо се менува поради вакви закани за глобалниот пазар.

Новиот ирански врховен лидер Моџтаба Хамнеи се заканува и ветува „одмазда за жртвите од војната“

Новиот ирански врховен лидер, Моџтаба Хамнеи, денеска повика на одмазда за жртвите од војната, се наведува во соопштението прочитано на државната телевизија, пренесе ДПА. Овој 56-годишен свештеник ја нагласи „потребата од одмазда“ во својата прва официјална изјава откако го наследи својот покоен татко, ајатолахот Али Хамнеи, кој беше убиен во израелски воздушен напад на 28 февруари.

To top