Свет

Белгискиот премиер се залага за обединување со Холандија!

Фламанскиот националист Де Вевер е застапник на создавањето четврта најсилна економија во ЕУ и 12-та во светот

Премиерот на Белгија, Бард де Вевер, фламански националист, е застапник на идејата за обединување на Белгија и Холандија, со што би се создала четвртата најголема економија во Европската унија, со бруто домашен производ од 1,8 трилиони евра, објави телевизијата БФМ.

Де Вевер, кој ја презеде функцијата на 3 февруари, постојано се залагаше за „близок сојуз“ на земјите од Бенелукс, кој би можел да го вклучи и Луксембург и да биде „срцето на Европа“.

Додека беше поранешен лидер на опозицијата и градоначалник на Антверпен, тој велеше дека никогаш не се откажал од својот сон сите припадници на холандското говорно подрачје еден ден повторно да живеат заедно. Откако дојде на власт, продолжи да инсистира на ова, предизвикувајќи силни реакции, особено во Валонија, каде што се зборува француски.

Од француска перспектива, неговата идеја изгледа изненадувачка, но случајот не таков во Фландрија, каде што има развиено националистичко движење.

Една од насоките на ова движење се залага за повторно формирање на унијата на „Седумнаесетте покраини“, која некогаш вклучувала дел од северна Франција и Луксембург, според француската телевизија.

Овој сојуз бил распуштен во 1585 година кога Обединетите покраини, подоцна Холандија, добиле независност, само за накратко да бидат повторно воспоставени во 1815 година, пред повторно да се распаднат во 1830 година во Белгиската револуција.

Според „Брисел тајмс“, идејата за „Голема Холандија“ подоцна ја промовирале крајно десничарските партии во 1930-тите години, кои соработувале со нацистичка Германија за време на Втората светска војна.

Идејата за обединување на Белгија и Холандија би донела до формирање држава со речиси 30 милиони жители, четврта најмоќна во Европа, зад Германија, Франција и Италија, како и 12-та во светот.

Како што истакнал Де Вевер, спојувањето на пристаништата Антверпен и Ротердам ќе создаде „порта“ за економијата на северозападна Европа.

Фламанскиот премиер Матијас Дипенделе го поддржа предлогот на премиерот кон средината на ноември, истакнувајќи дека унијата на двете земји ќе создаде „алијанса за иновации“, особено во секторот за полупроводници.

„Ако погледнеме што се случува во светот и како САД сега гледаат на слободната трговија, како и каква е позицијата на Кина и заканата што доаѓа од Русија, јасно е дека треба да ги преиспитаме нашите сојузи“, нагласи тој.

Формирањето на таков сојуз, секако, би барало согласност од Холандија, која, како и Луксембург, во моментов ја следи оваа дебата од далеку, и како што заклучи фламанскиот премиер, создавањето на овој сојуз сигурно не би можело да се случи преку ноќ, заклучува француската телевизија.

 

Најнови вести од: Свет

Трамп: Знам повеќе за сè од кој било друг во светот

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го привлече вниманието на јавноста со невообичаено фалење на предизборен митинг во Алабама, во пресрет на претстојните избори на средината на мандатот, тврдејќи пред собраните поддржувачи дека знае повеќе за сите можни теми од кој било човек во светот.

(Видео): Руски дрон го погоди Северниот мост во Киев додека по него се движеа автомобили

Украинските власти подготвуваат алтернативни начини за поврзување на двата брега на Киев во случај мостовите преку Днепар да бидат оштетени во руските напади. Планот вклучува понтонски премини и насипи, а на подолг рок се разгледува и можноста за изградба на тунел под реката. Целта е, во случај на оштетување или затворање на постоечките мостови, да се овозможи непречено поврзување на левиот и десниот брег на Киев.

Обединети Арапски Емирати: Сопилотот на „Флај Дубаи“ го нападнал пилотот со секира, се обидел со „терористички“ напад

Копилотот на летот FZ1073 на „Flydubai“ се обиде да изврши „терористички“ напад за време на летот, изјави во саботата главниот обвинител на Обединетите Арапски Емирати, објави државната новинска агенција WAM.

ЕУ воведува нов вид бензин – Е20, горивото треба да го намали европскиот увоз на нафта

Не е сосема јасно кои возила се прилагодени за E20. Се претпоставува дека повеќето современи бензински мотори би можеле да го користат без тешкотии, а за некои понови модели на BMW веќе има одобренија за поголеми пропорции на етанол.

To top