Свет

Без Украина и ЕУ не е можен договор Русија – САД за прекин на огнот, порача Калас

Ставот на Брисел, што го изнесе високата претставничка на ЕУ за безбедносна и надворешна политика, е дека каков било договор меѓу Вашингтон и Москва, а кој се однесува на Украина, мора да ги вклучи Киев и Европската унија.

Шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, изјави дека секој договор меѓу Вашингтон и Москва во контекст на војната во Украина мора да ги вклучи Киев и Европската унија. Таа најави дека в понеделник ќе свика состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ „за да се разговара за следните настани“.

– САД имаат моќ да ја принудат Русија сериозно да преговара. Секој договор меѓу САД и Русија мора да ги вклучи Украина и ЕУ, бидејќи станува збор за прашање на безбедност за Украина и цела Европа – изјави Калас.

Американскиот претседател Доналд Трамп планира да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин во Алјаска в петок.

Калас потенцираше дека, додека се работи на одржлив и праведен мир, меѓународното право е јасно – сите привремено окупирани територии ѝ припаѓаат на Украина.

– Договорот не смее да обезбеди појдовна точка за понатамошна руска агресија против Украина, трансатлантската алијанса и Европа – додаде таа.

На состанокот на министрите ќе се разгледува и ситуацијата во Газа.

Најнови вести од: Свет

Никола Саркози ќе ја отслужи шестмесечната затворска казна по одлука на судот

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе мора да ја отслужи шестмесечната затворска казна откако Кривичниот суд одби да ја спои со казната што ја доби во случајот со прислушување, познат како „Бизмут“. Саркози бараше двете казни да бидат обединети за да не мора дополнително да ја издржува втората, со оглед на тоа што веќе ја отслужил првата. Сепак, судот ја одби оваа можност, со што шестмесечната казна останува на сила.

Ранет на самиот почеток, ловен до денес: Новиот лидер на Иран е жив, но невидлив

Новиот врховен водач на Иран, Моџтаба Хамнеи, е ранет, се крие и сè уште не изговорил ниту збор јавно, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на информации од три ирански функционери и израелски разузнавачки извори.

Најнови вести

To top