Свет

Бриселски медиуми: Трамп ги спаси европските лидери од донесување тешки одлуки, инаку никогаш немаше да се договорат!

Американскиот претседател Доналд Трамп им ја олесни работата на европските лидери на денешниот неформален Самит во Брисел, на кој веројатно никогаш немаше да постигнат договор за жесток одговор кон Вашингтон по заканите за воведување царини и за преземање на Гренланд, оценуваат медиумите во Брисел.

Според „Еурактив“, откога повеќето европски лидери изминатата недела внимателно ги одмеруваа искажаните зборови и избегнуваа какво било споменување строги трговски контрамерки на ЕУ кон Вашингтон, со својот вчерашен говор во Давос, Трамп ги поштеди од предизвикот да мора да носат тешки одлуки на денешниот самит.  – Наместо тоа, тие може да ја поминат вечерта релаксирајќи се, уживајќи во вечерата и зборувајќи за лекциите што мора да ги научат, но веројатно нема – од една од најлудите недели во поновата историја. Уште подобро, тие може да тврдат, како што направи синоќа италијанската премиерка Џорџа Мелони, дека нивниот фокус на дијалог, а не на ескалација, ја спаси ситуацијата – заклучува порталот.

„Политико“ оценува дека сè се случи за само неколку часа, темпо на кое можеби ќе треба да се навикнеме во 2026 година. – Со еден удар американскиот претседател Доналд Трамп ја повлече заканата за насилно одземање на Гренланд од масата и за царини поврзана со ова прашање, тема што се очекуваше да доминира на денешниот вонреден самит на ЕУ – наведува порталот.

Во освртот натаму се додава дека „возбудливата посета на Трамп на Швајцарија“ ја „претумба“ агендата на денешниот состанок, при што неговиот говорот во Давос им обезбеди „храна за размислување на повеќето, ако не и на сите, земји членки на ЕУ, без разлика дали станува збор за царините или не“. Медиумите посочуваат дека иако деталите за договорот што Трамп го постигна со Данска за Гренланд остануваат оскудни, несомнено важна улога во неговото постигнување одигра генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кој, според „Еурактив“, го „жртвуваше и последниот грам самопочит на олтарот на егото на американскиот претседател“ – Дали таквиот однос ќе биде оценет како стратешки или едноставно понижувачки, ќе биде предмет на дебата од страна на аналитичарите – смета порталот.

„Политико“, пак, наведува дека „Марк денеска го спаси светот“ посочувајќи дека првиот човек на НАТО „успеа да постигне некаков договор“.  – Природата на тој договор сепак останува мистерија. Знаеме само дека во него учествувале сите седум сојузници на НАТО од Арктикот за да се осигури дека Русија и Кина никогаш нема да добијат упориште на Гренланд – додава порталот.

Бриселските медиумите оценуваат дека се добива впечаток оти европските институции и дипломати се изненадени од ваквиот развој на настаните и дека никој во Брисел на предвидел ваков пресврт од страна на Трамп. Првите европски реакции беа дека „денот завршил подобро од тоа како почнал“, дека „ЕУ е на патот кон деескалација“, дека „притисокот е намален“, но и натаму со доза на скептицизам и со став дека сепак е „неопходен поширок разговор за трансатлантските односи“. Токму „последните случувања во трансатлантските односи“ беа најавени како главна тема на денешниот самит, па од таму сега се очекува лидерите да разговараат за нив во „целокупната нивна димензија“.


Најнови вести од: Свет

Маѓар најави дека ќе ги зачува добрите односи со нашата земја

Тоа што Владата на Виктор Орбан имала, на пример, блиски односи со некоја балканска држава, не значи дека под Владата на Тиса тие односи ќе се нарушат. Можам да кажам дека ако односите со некоја земја биле лоши, тие сега ќе се подобрат…

ЕУ подготвува пакет за пониски цени на горивата

Потребна координација за да се избегне земјите-членки да почнат да ги полнат складиштата за гас во исто време, што би се натпреварувало едни со други и со тоа би ги зголемило цените на гасот, како и да се ослободат резервите на нафта за да се постигне најдобар можен ефект и да се обезбеди дека итни мерки од страна на земјите-членки нема да го нарушат единствениот пазар.

„Плусинфо“: Новиот унгарски лидер Маѓар се развел тивко со сопругата Јудит, ја заклучувал дома, се шетал со нож в рака, таа го обвини за малтретирање кога била бремена!

„Приказната за разводот на Маѓар и Варга експлодираше дури во 2024 година, кога Маѓар го започна својот политички подем. Варга го обвини за семејно насилство и го нарече предавник. Маѓар ги отфрли сите обвинувања како клевета и тврдеше дека Варга е под притисок на власта. Разводот на новиот лидер на Унгарија Петер Маѓар, и поранешната министерка за правда Јудит Варга, со која има три сина, повторно исплива на површина откако Маѓар го собори својот политички татко Виктор Орбан на изборите во Унгарија. По сè што се случуваше за време на нивниот развод, кој Унгарците пред две години го следеа како сапуница, тешко е да се замисли дека Варга синоќа била меѓу оние што му честитале.“ – објави порталот „Плус инфо“

Футуристички пиштол без звук и чад: Кина ја откри новата електромагнетна технологија

Кина официјално го претстави компактното електромагнетно оружје во облик на пиштол, кое е способно да ги онеспособи целите без смртоносна сила кога е потребно, или да ослободи значително поголема моќност доколку ситуацијата го бара тоа.

To top