Свет

Брижит на Макрон му удри шлаканица (ВИДЕО)

Францускиот претседател Емануел Макрон наводно се скарал со својата сопруга Брижит, по што таа се чини дека таа му удира шлаканица, сето тоа снимено со камера. Видео објавено на социјалните мрежи ги прикажува Макрон и Брижит како се подготвуваат да излезат од авионот за време на официјалната посета на Виетнам. Причините за недоразбирањето меѓу претседателот […]

Францускиот претседател Емануел Макрон наводно се скарал со својата сопруга Брижит, по што таа се чини дека таа му удира шлаканица, сето тоа снимено со камера.

Видео објавено на социјалните мрежи ги прикажува Макрон и Брижит како се подготвуваат да излезат од авионот за време на официјалната посета на Виетнам.

Причините за недоразбирањето меѓу претседателот и првата дама не се познати.

На видеото кое се споделува на „Х“, се гледа како Макрон разговара со некого додека се отвара вратата од авионот, и во истиот момент добива шлаканица по лице.

Подоца, од видоето може да се забележи дека неговата сопруга, Брижит е најверојатно таа која го удира Макрон, што може да се заклучи според облеката која таа ја носи.

Најнови вести од: Свет

Германија само лани издвоила дури 198 милијарди евра за образование

Инвестициите по жител достигнаа 2.400 евра, што е за 200 евра повеќе отколку во 2023 година. На сојузно ниво, расходите за образование се намалија за 1,6 проценти, достигнувајќи 11 милијарди евра. Ова намалување е делумно резултат на престанувањето на еднократната поддршка од 200 евра која им беше исплатена на студентите во 2023 година поради високите цени на енергијата.

Од замрзнати средства до Арктик: Еве зошто Трамп инсистира за мир со Москва

Планот на американскиот претседател Доналд Трамп за мир во Украина вклучува предлози за враќање на руските енергетски текови кон Европа, големи американски инвестиции во руски минерали и енергија од ретки земји, како и користење на замрзнатите руски државни средства, објави „Волстрит џурнал“.

Каква порака доби Вучиќ од Москва, за време на средбата со Урсула фон дер Лајен (ВИДЕО)

Во Брисел, пред официјалните камери на Европската комисија, се случи краток, но дипломатски незгоден инцидент што брзо ги разбранува европските кругови: српскиот претседател Александар Вучиќ и’ спомна на претседателката Урсула фон дер Лајен дека штотуку добил порака од Москва.

Унгарија го отфрли планот на ЕУ за распределба на мигранти: „ЕУ не е овластена да одлучува со кого треба да живеат Унгарците“!

Министрите за внатрешни работи и правда на ЕУ во понеделникот постигнаа договор за т.н. „солидарен механизам“, кој вклучува систем за распределба на мигрантите меѓу земјите-членки. Според планот, земјите, кои не сакаат да примат бегалци, наместо тоа можат да обезбедат финансиски придонеси, или материјална поддршка. Се очекува пактот да стапи во сила во јуни 2026 година.

Данската разузнавачка служба за првпат ги означи Соединетите Американски Држави како „можна безбедносна опасност“!

Во годишната проценка на заканите за 2025 година, објавена денеска, данската воено-разузнавачка служба наведува дека „официјален Вашингтон сè поотворено ги става сопствените интереси во прв план и ја користи својата економска и технолошка моќ како средство за притисок, вклучувајќи и кон сојузниците“.

To top