Свет

Бројот на загинати во Венецуела се доближува до 5.000

Не престанува потрагата по луѓе под урнатините

Бројот на жртви од земјотресот со јачина од 7,2-7,5 степени по Рихтер во Венецуела се искачи на повеќе од 4.800, пренесува АФП.

Не престанува потрагата по луѓе под урнатините

Се верува дека најмалку 20.857 луѓе ги загубиле своите домови, а камповите се преполни и има недостаток од вода и санитација, што создава плодна почва за болести.

Уште 16.740 Венецуелци беа повредени.

Привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, неодамна остро ги отфрли обвинувањата дека властите не успеале да се справат со последиците.

„Ова беше природна трагедија од размери што никогаш не сме ги замислиле, иако знаевме дека може да се случи во нашата земја“, рече Родригез.
„Не чекавме еден, два или три дена. Дејствувавме веднаш.“

Повеќе од 50.000 исчезнати по земјотресот што ја погоди Венецуела (ВИДЕО)

Најнови вести од: Свет

Ако буџетот е во минус – нема плата за функционерите

Мерките се однесуваат и на највисоките нивоа на власт, вклучувајќи го самиот претседател, потпретседателот, министрите, замениците итн. – сите тие нема да примаат плати сè додека не се елиминира буџетскиот дефицит

To top