Свет

Бугарски полицајци тепале оти им се кревал – адреналинот

Бугарскиот заменик министер за внатершни работи даде објаснување за пречекорувања на овластувањата на бугарските полицајци при извршување на должноста. „…Во своите напори да ги исполнат своите должности, тие понекогаш се наоѓаат во ситуација каде што неизбежно и ненамерно ги пречекоруваат своите овластувања. Емоциите преовладуваат“, коментираше заменик-министерот за внатрешни работи Тони Тодоров во интервју за bTV […]

Бугарскиот заменик министер за внатершни работи даде објаснување за пречекорувања на овластувањата на бугарските полицајци при извршување на должноста.

„…Во своите напори да ги исполнат своите должности, тие понекогаш се наоѓаат во ситуација каде што неизбежно и ненамерно ги пречекоруваат своите овластувања. Емоциите преовладуваат“, коментираше заменик-министерот за внатрешни работи Тони Тодоров во интервју за bTV за смртта на 36-годишниот Јавор Георгиев, пренесе бугарски „Сега“.

Случајот на Георгиев, кој почина во лекарска ординација откако беше приведен од полициска управа во Варна, повторно ја отвори темата за полициско насилство и предизвика бран критики кон министерот за внатрешни работи Даниел Митов, вклучително и од неговата партија ГЕРБ.

„Во моментот кога Јавор Георгиев е врзан со лисици, категорично ја осудуваме употребата на сила од страна на полицијата против приведеното лице“, рече заменик-министерот за внатрешни работи Тони Тодоров.

Тој додаде дека е во тек дисциплинска постапка, „која се надеваме дека на неоспорен начин ќе утврди дали имало пречекорување на полициската моќ и овластувања“, истакна тој. Сеопфатниот судско-медицински преглед сè уште не е објавен.

На прашањето зошто камерите на телото на полицајците не работеле, тој одговори дека причината што ја навеле е тоа што батеријата се потрошила батеријата.

„Се соочуваме со многу технички проблеми со овие технички средства за видео надзор. Камерите за тело се нужно зло“, коментираше заменик-министерот за внатрешни работи, пренесува „Сега“.

Прталот пишува дека тактички елеци треба да се купат за вработените во Министерството за внатрешни работи кои ќе користат камери за тело. Тие ќе бидат прикачени на таков начин што камерата нема да може да се отстрани, а употребата на камери за тело ќе се следи под лупа.

Најнови вести од: Свет

Израелската војска го зазеде стратешкиот замок Бофор во Либан: Хезболах ветува жесток отпор

Израелската армија соопшти дека ја презела контролата врз стратешки важниот замок Бофор во јужен Либан, што претставува најдлабок воен продор на либанска територија во изминатите 25 години.

Бардела: Нашите европски партнери треба да престанат да купуваат американски „Ф-35“ и да почнат да купуваат „Рафал“

Бардела нагласува дека Франција треба да остане верна на нуклеарната доктрина развиена од поранешниот претседател Шарл де Гол, според која „виталните интереси на Франција не завршуваат на нејзините граници“.

To top