Свет

Дали британскиот премиер ќе поддржи создавање „Европска конфедерација“ што би ја вклучила и Македонија?!

Британскиот премиер Енди Бернам доби предлог од поранешен член на Конзервативната партија во оваа земја, за создавање „Европска конфедерација“ во која би била вклучена и Македонија.

Поранешниот конзервативец Ник Боулс формално му предложи на Бернам да го поддржи создавањето на зона на слободна трговија што би ги вклучила Европската Унија, Велика Британија, Западен Балкан, Норвешка, Швајцарија и Украина.

Оваа зона на слободна трговија веќе постои меѓу земјите-членки на ЕУ и е проширена за да ги вклучи Швајцарија и Норвешка. Овој предлог би ги додал Велика Британија, Украина и шесте земји од Западен Балкан (Албанија, Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Босна и Херцеговина).

Оваа „Европска конфедерација“, како што ја нарече Боулс, би функционирала врз принципот на ЕУ и НАТО, во смисла дека, во замена за пристап до слободниот пазар, земјите би си ветувале една на друга заштита во случај на напад.

Како членка, Велика британија би се обврзала да троши 3,5% од својот БДП за одбрана и да го прошири својот нуклеарен чадор на земјите што не се членки на НАТО, а кои моментално не се опфатени со тој чадор.

Украина би се приклучила на конфедерацијата со ветување за одржување на голема армија што ќе служи како главен бедем против каква било идна руска инвазија, како и за споделување на својата технологија за беспилотни летала со остатокот од Европа.

Покрај клаузулата за заемна одбрана во стилот на НАТО и единствениот пазар, предлогот на Боулс вклучува и други отстапки за да се обиде да ја освои ЕУ, како што се програмите за мобилност на младите и програмите за технолошки иновации

Најнови вести од: Свет

Почна Октоберфест, фестивалот на пивото во Минхен

Илјадници посетители – жени во баварски фустани („дирндл“) и мажи во кожни панталони („ледерхозен“) – уште во утринските часови се упатија кон шаторите за пиво на саемскиот простор „Терезиенвизе“ во Минхен за да обезбедат добри места на клупите

To top