Свет

До вчера ги јадевте, сега ги спасувате: Рама не попушта за проектот во Зврнец

Нема да има отстапки од проектот во Зврнец, им порача Рама на граѓаните кои протестираат

Албанскиот премиер Еди Рама во својот подкаст „Фласим“ (Зборуваме), остро ги критикуваше демонстрантите кои веќе седум дена протестираат против проектот во Зврнец, порачувајќи им дека нема отстапки околу реализацијата на истиот, бидејќи станува збор за инвестиција од стратешко значење за Албанија.

Во повеќе албански градови со недели се протестира против проектот за изградба на луксузен ресорт во крајбрежната област кај Зврнец, инвестиција на компанија која се поврзува со Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп. Протестите во последниве денови се проширија и во дијаспората.

Според него меѓу демонстрантите има инфлуенсери и луѓе кои живеат од социјалните мрежи, предупредувајќи дека протестите би можеле да предизвикаат штета врз туристичката сезона.

– Албанија нема да остане заложник. Проектот ќе биде реализиран без оглед на противењата, бидејќи е инвестиција од стратешко значење за Албанија. Тоа е големо добро за нашата економија, голем благослов за Валона и историски исчекор за туристичка и европска Албанија, рече Рама.

Тој додаде дека дел од противниците на проектот имаат различни мотиви, почнувајќи од геополитички и економски интереси, па сѐ до „желба за поголема видливост на социјалните мрежи“.

Инвеститорите, нагласи, се двајца познати катарски бизнисмени и немаат никаква поврзаност со Израел, како што тврдат некои критичари.

Тој предупреди дека веќе се појавиле првите сигнали за откажување туристички резервации во Саранда, Валона, Химара и други туристички центри на југот од земјата.

Доколку се создаде впечаток дека цела Албанија е во превирања, можеме да изгубиме значителен број туристи ова лето, а тоа директно ќе ги погоди малите бизниси и семејствата кои живеат од туризмот, посочи Рама.

Тој во негов стил тој одговори на обвинувањата дека ќе се уништат фламингата по кои е познато подрачјето каде е предвидено да се гради.

– Пред 10 години имаше многу нелегален лов во заштитените подрачја, каде што фламингата не само што беа убивани, туку и јадени, а сега станавте многу загрижени – наведе Рама.

Во меѓувреме во Тирана и други градови во Албанија продолжуваат протестите, кои од вчера се проширија и во дијаспората. Пред албанските амбасади се протестираше во Лондон, Фиренца, Њујорк, Атина а денеска и во Швајцарија, изразувајќи загриженост за можните последици врз животната средина и заштитените природни подрачја.

Владата, пак, тврди дека инвестицијата од над 4 милијарди евра ќе донесе нови работни места и значителен економски развој за регионот и Албанија ќе стане шампион во туризмот.

Најнови вести од: Свет

Трамп го претстави новиот „патриотски пасош“ со својот лик по повод 250-годишнината од независноста на САД

Американскиот претседател Доналд Трамп претстави ограничено издание на нов американски пасош со негов портрет, издаден по повод 250-годишнината од Декларацијата за независност на САД. „Новиот пасош на Соединетите Американски Држави, кој порачува: „Добредојдовте, но однесувајте се пристојно!“, напиша Трамп на својата општествена мрежа „Општествена вистина“

Романија молчешкум го усвои законот за обединување со Молдавија

Романскиот парламент ја потврдува својата приврзаност кон одредбите од Завршниот акт на Конференцијата за безбедност и соработка во Европа во Хелсинки, кој овозможува можност за промена на границите преку мирни и дипломатски средства“

To top