Свет

Доналд Трамп се прогласи за „најголем“ претседател во историјата на САД

Рангирањето го објави на Truth Social вчера, а притоа речиси десетина од неговите претходници целосно ги остави надвор од листата

 

 

 

Ранг листата ги става екс-претседатели на Америка во неколку категории почнувајчи од „Најголем“, „Одличен“, „Речиси одличен“, „Просечен“, „Под просечни“ и „Неуспешни“, при што само Трамп ја зазема највисоката категорија.

Се чини дека е изменета верзија на претседателското рангирање објавено од списанието „LIFE“ во 1948 година, врз основа на анкета на 55 експерти за американската историја, објави Yahoo.com

Верзијата што ја објави Трамп во голема мера ги зачувува оригиналните рангирања и изоставувања, но додава три неодамнешни демократски претседатели на ниво na „Неуспешни“, еден на нивото „Просечен“, а името на Трамп е на врвот.

Нивото „Одличен“ ги вклучува Абрахам Линколн, Џорџ Вашингтон, Франклин Д. Рузвелт, Вудро Вилсон, Томас Џеферсон и Ендру Џексон.

Теодор Рузвелт, Гровер Кливленд, Џон Адамс и Џејмс К. Полк се сметаат за „Речиси одлични“.

„Просечни“ претседатели на Трамп се Бил Клинтон, Џон Квинси Адамс, Џејмс Монро, Радерфорд Б. Хејс, Џејмс Медисон, Мартин Ван Бурен, Вилијам Хауард Тафт, Честер А. Артур, Вилијам Мекинли, Ендру Џонсон, Херберт Хувер и Бенџамин Харисон.

Џон Тајлер, Калвин Кулиџ, Милард Филмор, Закари Тејлор, Џејмс Бјукенен и Френклин Пирс спаѓаат во категоријата „Под просекот“.

На дното, во нивото „Неуспешни“ според Трамп го сочинуваат Џо Бајден, Барак Обама, Јулисес С. Грант, Ворен Г. Хардинг и Џими Картер.

Забележително е отсуството на рангирањето на Вилијам Хенри Харисон, Џејмс А. Гарфилд (кои двајцата починаа кратко по преземањето на функцијата), Хари С. Труман, Двајт Д. Ајзенхауер, Џон Ф. Кенеди, Линдон Б. Џонсон, Ричард Никсон, Џералд Форд, Роналд Реган, Џорџ Х.В. Буш и Џорџ В. Буш.

Најнови вести од: Свет

To top