Свет

Ефикасноста на „Патриотите“ против руските ракети падна од 42 отсто на 6 отсто, алармира украински генерал

„Кинжалите“ и „Искандерите“ веќе се модернизирани и успешно ја избегнуваат украинската ПВО, вели генералот Романенко

Уште едно признание дека руската армија ги модернизираше своите системи за лансирање балистички ракети, со што значително ги зголеми своите борбени способности, денеска дојде од украинската страна.

„Направени се модификации на ракетите „Искандер-М“ и „Кинжал“, со што се зголеми нивната брзина, што ги прави потешка цел. Така, Русите успеваат да ги избегнат противвоздушните системи „Патриот“ што ѝ ги обезбедија на Украина сојузниците“, изјави поранешниот заменик-началник на Генералштабот на Украинските вооружени сили, генерал-потполковник Игор Романенко, за телевизискиот канал „Еспресо“.

Според генералот, Русите направиле промени во софтверските поставки на балистичките ракети, така што во последната фаза од летот тие прават маневри што го отежнуваат нивното уништување. Така, ефикасноста на нивното пресретнување од страна на украинските „Патриоти“ паднала од 42 проценти на 6 отсто, објасни тој.

Сепак, Романенко рече дека Украина веќе анализирала што се случува и ги собрала сите потребни информации и статистика, доставувајќи ги овие податоци до западните производители.

„Овие компании треба да ги земат предвид овие информации и евентуално да го модифицираат својот софтвер за да ја подобрат ефикасноста на пресретнувањето“, рече тој.

Најнови вести од: Свет

Помалку кондоми, кеси за ѓубре и медицински материјал – Нафтената криза се претвора во криза на сè

Притисокот сега се шири на сите делови од потрошувачкиот пазар, при што цените на материјалите како што се пластика, гума и полиестер растат. Последиците се најочигледни во Азија, која сочинува повеќе од половина од светското производство и е во голема мера зависна од увезената нафта и други суровини.

Масовно „чистка“ во Пентагон: Хегсет го смени шефот на Генералштабот и уште неколку други генерали без објаснување

Отпуштањето доаѓа во многу чувствителен момент – додека американските сили водат активни воени операции против Иран, а илјадници војници од 82-ра воздушно-десантна дивизија се упатуваат кон регионот.

To top