Свет

„Еј, Трамп, отпуштен си“ (ВИДЕО)

Изјавата на портпаролот доаѓа во моменти кога истекува 48 часовниот ултиматум што Трамп му го даде на Иран, да ја прекине војната

Портпаролот на иранската војска, Ебрахим Золфагари, испрати порака до американскиот претседател Доналд Трамп.

„Еј Трамп, отпуштен си. Ја знаеш таа реплика. Ви благодарам за вниманието“, рече Золфагари на англиски јазик.

Золфагари е портпарол на Централниот штаб на Хатам ал-Анби, заедничката воена команда на Иран задолжена за координирање на операциите меѓу Корпусот на Исламската револуционерна гарда и регуларните вооружени сили.

Изјавата на портпаролот доаѓа во моменти кога истекува 48 часовниот ултиматум што Трамп му го даде на Иран, да ја прекине војната.

Фразата на која алудираше Золфагари, „Отпуштен си“, е слоганот на американскиот претседател од времето кога беше водител на реалното на Ен-Би-Си во кое натпреварувачите се бореа за деловна можност и работа во една од компаниите на Трамп.

Трамп беше водител и заштитно лице на емисијата, а стана особено препознатлив по фразата „Отпуштен си“, која ја користеше за да ги отфрли кандидатите.

Емисијата беше многу популарна со години и многу придонесе за негова популарност и надвор од деловниот свет.

Претседателот често ја користи фразата „Ви благодарам за вниманието“ како завршни зборови во неговите објави на неговата платформа Truth Social.

Најнови вести од: Свет

Трамп на Самитот на НАТО: Примирјето со Иран е завршено

Американскиот претседател Доналд Трамп првпат се огласи по ноќешните американски воени напади врз Иран, оценувајќи дека примирјето меѓу двете земји повеќе не постои и дека САД одговориле со силна воена акција.

To top