Свет

ЕУ самит во Брисел: Фокус на финансирање за Украина за две години

Самитот се одржува во клучен момент за европската поддршка за Украина и економската стратегија на Унијата.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пред почетокот на Европскиот совет во Брисел изјави дека денешните дискусии ќе бидат интензивни, со фокус на финансиската поддршка за Украина.

„Денеска мора да најдеме решение. Нема да го завршиме Европскиот совет без решение за финансирањето на Украина за следните две години. Имаме двете опции и за едната од нив мора да се договориме“, истакна Фон дер Лајен.

Таа потсети на двете предложени опции: буџетско задолжување на ЕУ или заем за репарации (користење замрзнати руски средства).

Во врска со белгиското противење на втората опција, Фон дер Лајен рече: „Апсолутно ја разбирам и ја поддржувам идејата дека ако го прифатиме заемот за репарации, ризикот мора да го споделуваме сите. Тоа е прашање на солидарноста, што е основен принцип на Европската Унија“.
Крајната цел е мир за Украина преку сигурно финансирање за 2026 и 2027 година.

На самитот ќе се разговара и за економски теми, вклучувајќи ја конкурентноста на ЕУ и намалување на зависноста од еден извор. Фон дер Лајен го истакна значењето на договорот со Меркосур: „Тоа е потенцијален пазар од 700 милиони потрошувачи… Затоа е од огромно значење да добиеме зелено светло за Договорот со Меркосур“.

Самитот се одржува во клучен момент за европската поддршка за Украина и економската стратегија на Унијата.

Најнови вести од: Свет

Обединети Арапски Емирати: Сопилотот на „Флај Дубаи“ го нападнал пилотот со секира, се обидел со „терористички“ напад

Копилотот на летот FZ1073 на „Flydubai“ се обиде да изврши „терористички“ напад за време на летот, изјави во саботата главниот обвинител на Обединетите Арапски Емирати, објави државната новинска агенција WAM.

ЕУ воведува нов вид бензин – Е20, горивото треба да го намали европскиот увоз на нафта

Не е сосема јасно кои возила се прилагодени за E20. Се претпоставува дека повеќето современи бензински мотори би можеле да го користат без тешкотии, а за некои понови модели на BMW веќе има одобренија за поголеми пропорции на етанол.

Осуденичка на смрт преживеа обид за погубување откако ѝ беа дадени две смртоносни дози

Повеќе од 40 минути по втората доза, таа сè уште покажувала знаци на живот, по што била пренесена во болница, а нејзините адвокати тврдат дека нов обид за егзекуција би покренал прашања во врска со забраната за сурови и необични казни, содржана во Осмиот амандман од америкнскиот устав

To top