Свет

Европа се наоѓа во најопасна ситуација по Втората светска војна – тврди данската премиерка

Еден ден е Полска, друг ден Данска, а следната недела можеби ќе видиме саботажа или дронови на друго место

Европа се наоѓа во својата „најтешка и најопасна ситуација“ по Втората светска војна, изјави данската премиерка Мете Фредериксен на самитот на ЕУ во Копенхаген, посветен на зајакнување на одбранбената спремност на континентот до 2030 година.

Фредериксен ги повика сите земји-членки на единство, истакнувајќи дека секоја европска држава е погодена од „руската хибридна војна“ – преку дронови или саботажа. „Еден ден е Полска, друг ден Данска, а следната недела можеби ќе видиме саботажа или дронови на друго место,“ рече премиерката.

Францускиот претседател Емануел Макрон, кој изрази солидарност со Данска поради последните инциденти со дронови, повика на воздржаност: „Мораме да бидеме силни за да ги одвратиме агресиите, но пред сè треба да избегнуваме ескалација.“

Во пресрет на самитот, Данска го затвори воздушниот простор за цивилни дронови поради неидентификувани летала забележани на аеродромите. Германска фрегата пристигна во Копенхаген за поддршка на воздушното набљудување, а Шведска и Франција испратија опрема и персонал.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, рече дека постои „шема“ на руските активности, со дронови во Полска и нарушување на воздушниот простор на Естонија од руски борбени авиони. Таа го повтори планот на ЕУ за одбрана на источната граница, познат како Eastern Flank Watch, како и предлогот за „ѕид против дронови“ за откривање и уништување на непознати летала.

 

Најнови вести од: Свет

Масовно „чистка“ во Пентагон: Хегсет го смени шефот на Генералштабот и уште неколку други генерали без објаснување

Отпуштањето доаѓа во многу чувствителен момент – додека американските сили водат активни воени операции против Иран, а илјадници војници од 82-ра воздушно-десантна дивизија се упатуваат кон регионот.

To top