Свет

Европската комисија застана против Зеленски: Не смее да има закани кон земја членка на ЕУ

Конкретно во врска со коментарите дадени од претседателот Зеленски, ние како Европска комисија сме многу јасни дека таков вид јазик не е прифатлив

Европската комисија упати остри критики до украинскиот претседател Володимир Зеленски поради неговите неодамнешни закани упатени кон унгарскиот премиер Виктор Орбан, нарекувајќи го таквиот вокабулар „неприфатлив“.

Портпаролот на Комисијата, Олоф Гил, изјави дека ЕУ е многу јасна по ова прашање и дека не смее да има закани против земји-членки. Реакцијата на Брисел уследи по изјавата на Зеленски во која тој сугерираше дека доколку Орбан не го одблокира заемот од 90 милијарди евра, адресата на „тоа лице“ ќе им биде дадена на украинските војници за со него да зборуваат на „нивниот јазик“.

– Конкретно во врска со коментарите дадени од претседателот Зеленски, ние како Европска комисија сме многу јасни дека таков вид јазик не е прифатлив. Не смее да има закани кон земјите-членки на ЕУ – нагласи Гил.

Унгарскиот премиер Орбан, коментирајќи ги заканите, порача дека блокадата на нафтата ќе биде разбиена и дека заканите по неговиот живот нема да го поколебаат.

Министерот за надворешни работи Петер Сијарто додаде дека украинскиот лидер ги поминал „сите граници“.

Тензиите меѓу Киев и Будимпешта ескалираа во јануари кога Украина го запре протокот на руска нафта преку нафтоводот „Дружба“, што Унгарија и Словачка го оценија како „енергетска уцена“.

Најнови вести од: Свет

Трамп: Саудискиот принц ми го бакнува задникот! (ВИДЕО)

Овие контроверзни изјави доаѓаат речиси еден месец по почетокот на американско-израелската воена операција против Иран, која започна на 28 февруари со напади врз иранската воена и нуклеарна инфраструктура.

To top