Свет

Фон дер Лајен: Погребот на Младиќ е шокантен

Остра реакција од Брисел

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен остро реагираше на погребот на Ратко Младиќ, осуден за геноцид и воени злосторства. Таа оцени дека сцените од настанот во Белград се шокантни, а елементите на официјална поддршка и присуството на одредени високи српски функционери се длабоко за жалење.

„Сцените од вчерашниот погреб на Ратко Младиќ во Белград беа шокантни. Ратко Младиќ беше осуден воен злосторник. Тој беше одговорен за геноцид, воени злосторства и злосторства против човештвото. Почина додека отслужуваше доживотна казна затвор за геноцидот во Сребреница и други злосторства. Елементите на официјална поддршка и присуството на одредени високи српски функционери на погребот се длабоко за жалење. Тие покажуваат неуспех да се соочиме со темното поглавје од поновата европска историја и се во спротивност со вредностите врз кои почива патот на Србија кон Европската Унија. Нашите мисли се со сите жртви на злосторствата извршени во земјите од поранешна Југославија“, напиша фон дер Лајен на X.

За поранешниот командант на војската на Република Српска, кој почина во Хаг додека издржуваше доживотна казна, опело вчера служеше српскиот патријарх Порфирије со сослужение на епископи на СПЦ.

Меѓу присутните што му оддадоа почит беа српски министри, лидерот на владејачката коалиција во Република Српска Милорад Додик, Данило Вучиќ – син на претседателот на Србија, како и рускиот амбасадор Александар Боцан-Харченко.

Најнови вести од: Свет

Расте цената на енергијата, компаниите го губат оптимизмот – Нов економски притисок врз Европа

Економијата на еврозоната продолжува да расте, но со забавено темпо, додека повисоките трошоци за енергија и финансирање создаваат дополнителен притисок врз компаниите и потрошувачката. 

Чувајте дома храна за 3 дена, заедно со ќебиња, готовина, батериска ламба…

Кампањата „Биди подготвен“ (Be Ready) ги поттикнува граѓаните да направат залихи што ќе им овозможат да преживеат 72 часа без пристап до стандардните услуги и комунални добра, а иницијативата е покрената како одговор на растечката загриженост на властите во врска со последиците од климатската криза, зависноста од технологијата и заканите од непријателски настроени држави

Мерц со порака до Западниот Балкан: Ослободете се од минатото, ако сакате иднина во ЕУ!

Германскиот канцелар Фридрих Мерц повика земјите од Западен Балкан да не останат заробени во минатото, предупредувајќи дека поделбите и поларизацијата не придонесуваат за изградба на подобра европска иднина. Според Мерц, застојот во дијалогот меѓу Приштина и Белград го кочи целиот регион, поради што е неопходен итен напредок.

To top