Свет

Фон дерл Лајен: „Сега е време за преговори“ – ЕУ ги одложува контрамерките против Америка

Претседателката на Европската комисија, Фон дер Лајен, рече дека контрамерките кон САД ќе бидат одложени до 1 август, додавајќи дека најавата на Трамп за дополнителни царини за Брисел и Мексико, кои би стапиле во сила од овој датум, покажува дека дотогаш има време за преговори.

Европската Унија ќе го одложи воведувањето на реципрочни царини за Соединетите Американски Држави, кои требаше да стапат на сила во понеделник, изјави денес претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

  • „Сега е време за преговори“, изјави фон дер Лајен, пренесува „АП“. Таа рече дека „контрамерките“ се одложени до 1 август, што значи дека САД и ЕУ ќе имаат околу две недели за преговори. „Секогаш јасно стававме до знаење дека сакаме да најдеме решение преку преговори“, рече фон дер Лајен, додавајќи дека ЕУ ќе продолжи да подготвува контрамерки.

Таа оцени дека трговските тензии со САД покажуваат колку е важно ЕУ да ги диверзифицира своите трговски односи. Таа претходно изјави дека американските царини од 30 проценти за извоз од Европската Унија ќе им наштетат на бизнисите, потрошувачите и пациентите од двете страни на Атлантикот.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави дека почнувајќи од 1 август, ќе воведе царина од 30 проценти за сите стоки увезени од Европската Унија и Мексико во САД.

На својот профил на својата социјална мрежа „Truth Social“, тој објави копии од писмата што ги испратил до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и до мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум. Неименуван европски дипломат претходно потврди дека Европската Унија се подготвува да добие писмо од Трамп во кое ќе ги објави царините.

Претходно изминатава недела, Трамп објави нови царини за Јапонија, Јужна Кореја, Бразил и Канада, како и царина од 50 проценти за увоз на бакар, објави „Танјуг“.

Најнови вести од: Свет

Ранет на самиот почеток, ловен до денес: Новиот лидер на Иран е жив, но невидлив

Новиот врховен водач на Иран, Моџтаба Хамнеи, е ранет, се крие и сè уште не изговорил ниту збор јавно, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на информации од три ирански функционери и израелски разузнавачки извори.

Високиот ирански безбедносен функционер Лариџани му се закани на Трамп: Внимавајте да не бидете елиминиран!

Високиот ирански безбедносен функционер Али Лариџани упати остра порака до американскиот претседател Доналд Трамп, реагирајќи на неговите закани поврзани со можноста за блокирање на Ормускиот теснец.

To top