Свет

Се самозапалил со бензин во автобус, однел во смрт уште петмина (ВИДЕО)

Полицијата „не сака да коментира“ дали станува збор за тероризам, известуваат локалните медиуми.

Пожар избувнал во автобус во во швајцарскиот кантон Фрајбург, швајцарија, откако маж се полил со бензин и се самозапалил, објави „Дејли мејл“.

Од пожарт кој го зафатил целиот автобус, загинаа уште пет лица , а исто толку биле повредени.

Неколку лица се повредени, а неколку се мртви“, соопшти полицијата во објава на социјалните мрежи.

Полицијата „не сака да коментира“ дали станува збор за тероризам, известуваат локалните медиуми.

Пожарникарите, полицијата и медицинските лица брзо пристигнле на местото на несреќата, а фотографиите покажуваат дека автобусот  е целосно изгорен од пожарот.

Полицијата ги замоли граѓаните да се држат подалеку од областа и да ги следат упатствата на службите за итни случаи.

Швајцарската новинска агенција Keystone-ATS објави дека повредени со амбулантни коли и хеликоптер биле префрлени од местото на несреќата.

Точниот број на жртви и сериозноста на повредите сè уште не се официјално потврдени.

 

Најнови вести од: Свет

Расте цената на енергијата, компаниите го губат оптимизмот – Нов економски притисок врз Европа

Економијата на еврозоната продолжува да расте, но со забавено темпо, додека повисоките трошоци за енергија и финансирање создаваат дополнителен притисок врз компаниите и потрошувачката. 

To top