Македонија

Мицкоски: Зголемен е бројот на странските инвеститори, што се задоволни од бизнис климата во државата и кои се подготвени да ја зголемат својата инвестиција

„За нас странските инвеститори се исклучително важни исто како и домашните инвеститори, бидејќи економијата е една од главните приоритети на функционирањето на оваа Влада, како и сѐ друго, што е составен дел во таа борба за колку е можно подобра економија.“ – истакна премиерот Христијан Мицкоски по работната средба со Советот на странски инвеститори.

Според Мицкоски, во услови на исклучително големи глобални проблеми македонската економија се движи кон консолидирање, полека, но сигурно. „Предизвиците нема да сопрат, тие ќе продолжат, но се обидуваме да ги предвидиме и така да изнаоѓаме решенија за тие предизвици. Колку е државата посилна, толку и бизнисот повеќе вреди, толку и имотот повеќе вреди. Колку е бизнисот посилен, толку станува државата посилна затоа е многу важно да имаме ликвиден бизнис, економија. Таа економија да си ги врши навремено обврските кон државата и кон буџетот. Со исполнувањето на тие обврски и со солиден и ликвиден буџет ние ќе можеме да имаме повеќе капитални инвестиции, да имаме повеќе во здравството, образованието, земјоделието, да имаме поголеми пензии и плати и т.н.“ – посочи премиерот.

Натаму тој истакна: Ова е двонасочна улица. Јас сум навистина задоволен. Критиките и аргументите ќе ги анализираме таму каде што можеме да бидеме подобри. Во следната година ќе се потрудиме да бидеме подобри. Задоволен сум, бидејќи е двоцифрен процентуалниот пораст на бројот на оние компании, што се задоволни од бизнис климата, и затоа што се подготвени да ја зголемат својата инвестиција во земјата. Ќе имаме предизвици, но ние како Влада тука сме, мотивирани сме и сакаме да ги решаваме тие предизвици, како што тоа го правиме многу пати во минатото така и во иднина ќе се бориме за секоја инвестиција, за секое евро вложено во земјата. Сметаме дека со секое евро и секој денар, вложени во земјата, ние ќе имаме побогата и постабилна земја, а тоа значи дека имотот на нашите граѓани и бизнисите на бизнисмените повеќе ќе вредат.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top