Свет

Франс 24: ЕУ разгледува контрамерки како одговор на заканите на Трамп за Гренланд

Земјите-членки на Европската унија разгледуваат контрамерки, како одговор на царинските закани на американскиот претседател Доналд Трамп поради претензии кон Гренланд, и покрај противењето на Данска и ЕУ, јави Франс 24

Земјите-членки на Европската унија разгледуваат контрамерки, како одговор на царинските закани на американскиот претседател Доналд Трамп поради претензии кон Гренланд, и покрај противењето на Данска и ЕУ, јави Франс 24.
Американскиот претседател, Доналд Трамп, се закани со нови царини за европски земји кои испратија војници во Гренланд доколку територијата „не биде целосно продадена“ на САД.

„Тоа не е само трговско прашање – тоа врши огромен, неочекуван притисок врз трансатлантските односи“, изјави раководителот на макро истражувањата на ING Research, Карстен Брзески.

Тој процени дека ова е веројатно најтешката ситуација за трансатлантските односи од крајот на Втората светска војна.
„Нема победници во трговските војни“, рече тој.

Комесарот на Европската комисија за просперитет и индустриска стратегија, Стефан Сежурнe, претходно изјави дека ЕУ има „алатки“ да го одврати Доналд Трамп од наметнување нови царини на земјите кои се противат на анексија на Гренланд од страна на САД.

„Гренланд никогаш нема да биде американска. Tаа уцена мора да престане. Мислам дека американската влада прави голема грешка: ја тестира Европа врз основа на два фундаментални принципи на европската интеграција – самоопределувањето на народите и територијалниот суверенитет на земјите-членки на ЕУ“, изјави Сежурнe за радио „Франс Интер“.

„Ако не го кажеме тоа јасно, ќе почне трка, и не знам каде ќе заврши оваа желба за моќ и анексија на Гренланд“, истакна Сежурне.

Соочени со овој „случај на принуда во училиште“, „имаме алатки на располагање и мора да ги користиме доколку е потребно и ако овие тарифи се потврдат“, рече Сежурне, нагласувајќи ја „потребата за единство“ меѓу Европејците.

Во случај на примена на санкции од САД, голем број можни мерки на ЕУ вклучуваат, на пример, забрана за учество на американските компании на европските тендери за јавни набавки, објасни Сежурне.

Една од контрамерките што ѝ се достапни на ЕУ е дека ЕУ би можела да активира и пакет дополнителни тарифи од 93 милијарди евра, кои моментално се замрзнати, против САД.

Лидерите на земјите-членки на ЕУ ќе се соберат на вонреден самит в четврток за да разговараат на оваа тема.

Самитот ќе се одржи во Брисел со почеток во 19:00 часот.

Портпаролот на Комисијата, Олоф Гил, изјави дека ЕУ се обидува да избегне ескалација, да избегне воведување тарифи, кои не се добри за никого.

„Дијалогот е подобар од ескалацијата. Одговорното и зрело раководство повикува на воздржаност“, рече Гил, истакнувајќи дека ЕУ има алатки на располагање за да одговори и е подготвена да ги користи доколку американскиот претседател го одржи своето ветување да воведе дополнителни тарифи за осум европски земји, од кои шест се членки на ЕУ.

Најнови вести од: Свет

ММФ предупредува: Конфликтот со Иран ја засилува инфлацијата и ги нарушува глобалните синџири на снабдување

Не е веќе прашање дали војната на Блискиот Исток ќе ја погоди светската економија, туку колку длабоко и колку долго. Најновата анализа на Меѓународниот монетарен фонд, објавена на 30 март и потпишана и од главниот економист Пјер-Оливие Гуринша, испраќа една јасна порака: ако кризата во Заливот продолжи да ги нарушува испораките на нафта, гас и ѓубрива, светот ќе се соочи со повисоки цени и побавен раст. Фондот предупредува дека шокот е глобален, но нема да биде еднакво распределен, најсилно ќе ги погоди земјите што зависат од увоз на енергија, сиромашните економии и државите со слаб фискален простор.

Рубио: НАТО ќе мора да се преиспита по војната со Иран

Американскиот државен секретар Марко Рубио остро ги критикуваше Шпанија и дел од другите сојузници во НАТО поради ограничената поддршка во војната против Иран, сугерирајќи дека Вашингтон по завршувањето на конфликтот можеби ќе ја преоцени својата улога во Алијансата.

Рубио за заканите од Иран: Тие се луди религиозни фанатици – Трамп ќе им го спречи сценариото за Хормускиот теснец!

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, ги коментираше растечките тензии со Иран, велејќи дека заканите на Техеран за трајна контрола на Хормускиот теснец и воведување систем за полнење нема да бидат толерирани. „Ова нема да биде дозволено“, рече Рубио, додавајќи дека претседателот Доналд Трамп има голем број опции на располагање за да спречи такво сценарио.

To top