Свет

Германија изброја 410 исламисти кои ѝ се закануваат

Податоците се објавени откако 21-годишен маж роден во Берлин со либански корени и познати врски со исламистички екстремизам, во саботата навечер влета во Парада на Гордоста во Берлин

Германската Федерална канцеларија за криминална полиција  моментално класифицира 410 лица како исламистички закани, објави ДПА.

Бројката, која ја одразува состојбата од 1 јули, вклучува лица поврзани со исламистички тероризам или екстремизам кои се сметаат за способни да извршат сериозни акти на насилство, вклучително и напади.

Дополнителни 65 лица се класифицирани како потенцијални закани од крајно десничарски екстремизам, а 17 како потенцијални закани од крајно левичарски екстремизам.

Податоците се објавени откако 21-годишен маж роден во Берлин со либански корени и познати врски со исламистички екстремизам, во саботата навечер влета во Парада на Гордоста во Берлин.

Нападот предизвика дебата во Германија за построги мерки против лица класифицирани како екстремистички закани.

Една жена загина и 16 лица се повредени, откако влета автомобил во во толпа на „Парадата на гордоста“ во Берлин

Најнови вести од: Свет

Холдер: Американски интерес е Македонија да се приклучи кон ЕУ

Идниот амбасадор одговори потврдно на прашањето на член на член на Комитетот за надворешни работи на Сенатот за време на сослушувањето дека во американски интерес е Македонија да успее да се приклучи кон ЕУ

Трамп: Знам повеќе за сè од кој било друг во светот

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го привлече вниманието на јавноста со невообичаено фалење на предизборен митинг во Алабама, во пресрет на претстојните избори на средината на мандатот, тврдејќи пред собраните поддржувачи дека знае повеќе за сите можни теми од кој било човек во светот.

(Видео): Руски дрон го погоди Северниот мост во Киев додека по него се движеа автомобили

Украинските власти подготвуваат алтернативни начини за поврзување на двата брега на Киев во случај мостовите преку Днепар да бидат оштетени во руските напади. Планот вклучува понтонски премини и насипи, а на подолг рок се разгледува и можноста за изградба на тунел под реката. Целта е, во случај на оштетување или затворање на постоечките мостови, да се овозможи непречено поврзување на левиот и десниот брег на Киев.

Обединети Арапски Емирати: Сопилотот на „Флај Дубаи“ го нападнал пилотот со секира, се обидел со „терористички“ напад

Копилотот на летот FZ1073 на „Flydubai“ се обиде да изврши „терористички“ напад за време на летот, изјави во саботата главниот обвинител на Обединетите Арапски Емирати, објави државната новинска агенција WAM.

To top