Свет

Германија извиси за место во Советот за безбедност на Обединетите нации

Двете места за западноевропските земји им припаднаа на Португалија со 134 гласа и на Австрија со 131, а Германија доби 104

Германија не успеа да добие место во Советот за безбедност на Организацијата на обединетите нации, извисувајќи меѓу Португалија и Австрија за двете западноевропски места почнувајќи од 2027 година.

На тајното гласање спроведено од Генералното собрание за европските места, Португалија доби 134 гласа, Австрија 131, а Германија 104.

Германија веќе отслужи шест мандати како непостојана членка на Советот, кој е составен од 15 членки, и тоа пет постојани – САД, Русија, Кина, Франција и Обединетото Кралство, како и од 10 избрани за период од две години, со места распределени за различни светски региони.

Зимбабве, единствен кандидат за африканското место, беше избран со 182 гласа, а Тринидад и Тобаго, кој исто така не се соочи со конкуренција, го обезбеди местото наменето за групата на латиноамериканските земји и Карибите со 181 глас.

Втор круг беше во тек за да се одлучи помеѓу Филипините и Киргистан за местото доделено на Азија.

Петте избрани земји ќе ги заменат Пакистан, Сомалија, Грција, Данска и Панама, почнувајќи од 1 јануари 2027 година.

Тие ќе им се придружат на петте други членки избрани за мандатот 2026-2027 година: Демократска Република Конго (ДРК), Либерија, Летонија, Колумбија и Бахреин.

Најнови вести од: Свет

330 месеци затвор за планиран атентат врз Трамп

За време на судењето, осудениот тврдеше дека „немал друг избор“ освен да ги изврши наредбите, бидејќи лицето кое му давало упатства јасно ставило до знаење дека знае кои се членовите на неговото семејство во Иран и каде се наоѓаат

Најнови вести

To top