Свет

 Ги нарече феминистките „глупави кучки“: 343 жени ја тужат Брижит Макрон

јас сум сопруга на претседателот на републиката, но пред сè јас сум јас. И затоа, приватно, можам да си дозволам однесување кое не е сосема соодветно“, вели првата дама на Франција

 

Првата дама на Франција, Брижит Макрон, доби тужба од од повеќе од 300 жени откако протече видео на кое таа ги нарекува феминистичките демонстранти „sales connes“, што во превод значи „глупави кучки“.

Неколку организации, вклучително и групи за права на жените, поднесоа тужба за јавна навреда, а бројката од точно 343 тужители има силна историска симболика во францускиот феминизам, пишува Гардијан.

Контроверзното видео е снимено минатата недела зад сцената во театарот „Фоли Бержер“ во Париз. На него се гледа Брижит Макрон како разговара со францускиот актер и комичар Ари Абитан, кој претходно бил обвинет за силување. Брижит присуствуваше на неговиот настап со нејзината ќерка и пријатели.

Ноќта пред тоа, феминистичките активистки го прекинаа истиот настап, извикувајќи: „Абитан, силувачу!“

Во видеото, 72-годишната Брижит го прашува Абитан како се чувствува, а откако тој одговорил дека е исплашен, таа ги нарече демонстрантите „глупави кучки“ и додаде дека ако повторно се појават, ќе бидат „избркани“.

Жулиет Шапел, адвокатка на феминистичките здруженија што го покренаа случајот, за радиото Франс Интер изјави:

„Таа е првата дама на Франција, нејзините зборови се важни“. Шапел додаде дека Макрон „се чини дека е многу ангажирана за женските прашања, но всушност можеме да кажеме дека постои несовпаѓање помеѓу нејзините јавни говори и она што навистина го мисли“.

Во меѓувреме, Брижит Макрон се извини.

„Жал ми е ако ги повредив жените жртви“, изјави таа за медиумскиот канал Брут оваа недела, но рече дека нејзините зборови биле „приватни“ коментари.

Сепак, потоа додаде: „Не може да ми биде жал за нив. Точно, јас сум сопруга на претседателот на републиката, но пред сè јас сум јас. И затоа, приватно, можам да си дозволам однесување кое не е сосема соодветно“, вели првата дама на Франција

Најнови вести од: Свет

По острите закани кон Иран, Трамп сега вели дека постојат „добри шанси“ за постигнување договор пред истекот на ултиматумот

По острите закани што ги упати вчера и денеска до Техеран, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека постојат „добри шанси“ за постигнување договор со Иран утре – денот кога истекува неговиот ултиматум за отворање на Ормуската Теснина

Трамп со нова закана до Иран: Отворете ја проклетата теснина, луди гадови, или ќе доживеете пекол

– Вторник ќе биде Ден на електраните и Ден на мостовите, сè заедно, во Иран. Нема да има ништо слично!!! Отворете ја прокелетата теснина, луди гадови, или ќе доживеете пекол – САМО ГЛЕДАЈТЕ! Слава му на Алах, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social

Помалку кондоми, кеси за ѓубре и медицински материјал – Нафтената криза се претвора во криза на сè

Притисокот сега се шири на сите делови од потрошувачкиот пазар, при што цените на материјалите како што се пластика, гума и полиестер растат. Последиците се најочигледни во Азија, која сочинува повеќе од половина од светското производство и е во голема мера зависна од увезената нафта и други суровини.

Најнови вести

To top