Свет

Гнев во Израел. „Опасно е да се биде непријател на Америка, но фатално е да се биде нејзин пријател“

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху сè уште јавно не се изјасникза за договорот меѓу Соединетите Американски Држави и Иран, но реакциите на провладините коментатори откриваат растечко незадоволство и фрустрација кон Вашингтон и администрацијата на Доналд Трамп

 

 

Еден од водечките водители на провладиниот канал Канал 14, Јинон Магал, на социјалната мрежа Икс напиша дека американскиот претседател Доналд Трамп „излегол како губитник“, а потпретседателот на САД Џеј-Ди Венс го нарече „ѓубриња“.

Магал, кој претходно се опиша себеси како „проводник“ за пораките на Нетанјаху, ги обвини претставниците на Трамп, Џаред Кушнер и Стив Виткоф, за влијание врз претседателот под притисок на Катар.

Тој на социјалните мрежи тврдеше дека „Катар ги купил со многу пари“ и дека „ги предале своите браќа во Израел“.

Израелски извор изјави за Си-Ен-Ен дека Нетанјаху приватно ги обвини Кушнер и Виткоф дека создале јаз меѓу двете страни. Според тој извор, Нетанјаху смета дека тие биле под влијание на „Катар, кој од страв од Иран се залагал за позиции кои го продлабочувале јазот меѓу Ерусалим и Вашингтон“.

Коментаторот на Канал 14, Шимон Риклин, на социјалните мрежи рече: „Трамп ја прави Америка послаба од кога било“. Во меѓувреме, Амит Сегал, истакнат десничарски политички аналитичар на израелскиот Канал 12, го цитираше Хенри Кисинџер со пораката: „Можеби е опасно да се биде непријател на Америка, но фатално е да се биде пријател на Америка“.

Овој бран на критики и непријателство кон Трамп е остар контраст со претходните пофалби што американскиот претседател ги доби од израелските десничарски политички кругови на почетокот на војната со Иран, кога Трамп и Нетанјаху дејствуваа како едно.

Во последниве недели, додека Трамп се обиде да стави крај на конфликтот, тензиите постепено ескалираа во серија јавни спорови околу преговорите со Иран и условите за прекин на огнот со Хезболах во Либан.

Соединетите Американски Држави и Иран постигнаа рамковен мировен договор со кој треба да се прекинат воените операции на сите фронтови, вклучително и во Либан, и повторно да се отвори за сообраќај Ормускиот теснец.

Веста ја соопшти пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф, додавајќи дека договорот официјално ќе биде потпишан во петок во Швајцарија, а деталите се уште се соопштуваат.

Најнови вести од: Свет

Трамп на Самитот на НАТО: Примирјето со Иран е завршено

Американскиот претседател Доналд Трамп првпат се огласи по ноќешните американски воени напади врз Иран, оценувајќи дека примирјето меѓу двете земји повеќе не постои и дека САД одговориле со силна воена акција.

Кинески функционер осуден на смрт поради корупција од 324 милиони долари

Јанг во периодот од 1993 до 2023 година додека извршувал различни функции на незаконит начин се стекнал со 324 милиони долари во периодот готовина и средства додека извршувал разни владини позиции од 1993 до 2023 година

Американски инвестициски фонд ја купува авиокомпанијата „Изиџет“ за 6,4 милијарди евра

Веднаш по отворањето на Лондонската берза, акциите на easyJet пораснаа за 10,5 проценти, што го одразува оптимизмот на инвеститорите за можното склучување на еден од најголемите зделки во европската авиоиндустрија оваа година.

To top