Свет

И Нетанјаху го предлага Трамп за „Нобел за мир“

Нетанјаху му предаде на Трамп писмо за кое рече дека го номинирал за Нобелова награда за мир

Трамп и Нетанјаху се сретнаа по трет пат откако Трамп ја презеде функцијата во јануари.

Наместо традиционалната средба во Овалната соба, вечерата се одржа во Сината соба на Белата куќа. За време на средбата, Нетанјаху му предаде на Трамп писмо за кое рече дека го номинирал за Нобелова награда за мир.

Војната во Газа трае од октомври 2023 година, кога Хамас го нападна јужен Израел, убивајќи околу 1.200 луѓе и земајќи 251 заложник.

Повеќе од 57.000 Палестинци се убиени во израелски напади, според Министерството за здравство на Газа. Околу половина милион луѓе се изложени на ризик од глад, според ОН.

Трамп и Нетанјаху бараат начин како да ги раселат Палестинците од Газа во соседни земји

Трамп номиниран за Нобелова за мир

 

Најнови вести од: Свет

Иран: Ако Америка пак нападне, ќе удриме по Европа!

„Ако американски авиони полетаат од американска воена база – дури и ако таа се наоѓа во некоја европска земја или во некој друг оддалечен регион – за да го бомбардираат Иран, ние ќе ги гаѓаме и тие бази“, изјави иранскиот шеф за безбедност, Мохсен Резаи

To top