Свет

И по таткото – синот Хамнеи

Револуционерната гарда се заколна на верност на новиот лидер: „Подготвени сме за целосна послушност“

Моџтаба Хамнеи е именуван за наследник на својот татко како врховен лидер на Иран, објавија иранските државни медиуми во неделата. Според извештаите, 56-годишниот Моџтаба Хамнеи е назначен за врховен лидер од страна на Собранието на експерти по години градење блиски врски со елитната Револуционерна гарда и градење влијание во рамките на свештеничкиот естаблишмент,

Иран ги повика граѓаните денес да се соберат низ целата земја за да му се заколнат на верност на новиот врховен водач, Моџтаба Хамнеи. Иранскиот совет за координација на исламската пропаганда ја повика јавноста да се собере „истовремено низ целата земја“ во 15 часот по локално време и да „изјават бајат“, односно заклетва за верност, објави државната новинска агенција ИРНА.
Името на Хамнеи како лидер на Иран ќе продолжи, изјави член на Иранското собрание на експерти, кое го именува новиот версли лидер на речиси 100-милионската земја,

Вториот син на Хамнеи е 56-годишен свештеник. Тој е третата личност што ќе биде на оваа функција откако во 1979–а годиа е основана Исламската Република , по ајатоласите Хомеини и Хамнеи.

Моџтаба се смета за влијателна личност зад сцената во Иран. Тој има блиски врски со Корпусот на Исламската револуционерна гарда и безбедносните сили на Техеран. Познато е дека се борел во војната меѓу Иран и Ирак од 1987 до 1988 година.

Тој преживеа американско-израелски воздушен напад врз Иран и е промовиран од иранскиот естаблишмент како потенцијален наследник на својот татко, кој беше убиен во воздушен напад минатата сабота.

Моќен свештеник од средно ниво, Моџтаба Хамнеи се спротивставува на реформистите кои сакаат да соработуваат со Западот, додека се обидуваат да ја ограничат нуклеарната програма на Иран и кои сакаат поголема слобода.

Неговите блиски врски со Револуционерната гарда (ИРГЦ) му дадоа дополнителна предност во политичкиот и безбедносниот апарат на Иран, а тој изгради влијание зад сцената како „порта“ кон својот татко, велат извори запознаени со ова прашање.

Високиот свештеник Ахмад Аламолхода посочи дека Собранието на експерти веќе гласало за наследник на ајатолахот Али Хамнеи, но не откри име.

Порано оваа недела се појави информација дека Моџтаба е наследник на неговиот татко на функцијата.

ПРЕТХОДНА ВЕСТ

Мохтаба Хамнеи е назначен за нов врховен водач на Иран?

Најнови вести од: Свет

Обединети Арапски Емирати: Сопилотот на „Флај Дубаи“ го нападнал пилотот со секира, се обидел со „терористички“ напад

Копилотот на летот FZ1073 на „Flydubai“ се обиде да изврши „терористички“ напад за време на летот, изјави во саботата главниот обвинител на Обединетите Арапски Емирати, објави државната новинска агенција WAM.

ЕУ воведува нов вид бензин – Е20, горивото треба да го намали европскиот увоз на нафта

Не е сосема јасно кои возила се прилагодени за E20. Се претпоставува дека повеќето современи бензински мотори би можеле да го користат без тешкотии, а за некои понови модели на BMW веќе има одобренија за поголеми пропорции на етанол.

Осуденичка на смрт преживеа обид за погубување откако ѝ беа дадени две смртоносни дози

Повеќе од 40 минути по втората доза, таа сè уште покажувала знаци на живот, по што била пренесена во болница, а нејзините адвокати тврдат дека нов обид за егзекуција би покренал прашања во врска со забраната за сурови и необични казни, содржана во Осмиот амандман од америкнскиот устав

To top