Свет

Индија ја сопре водата од реката Инд за Пакистан

Пакистан нема да добива вода од реките врз кои Индија има права, изјави денеска индискиот премиер Нарендра Моди, еден месец по смртоносниот напад во индиски Кашмир што го натера Њу Делхи да го суспендира клучниот договор за поделба на речните води меѓу соседите, јавува Ројтерс. Суспендирањето на Договорот за водите на реката Инд и нејзините […]

Пакистан нема да добива вода од реките врз кои Индија има права, изјави денеска индискиот премиер Нарендра Моди, еден месец по смртоносниот напад во индиски Кашмир што го натера Њу Делхи да го суспендира клучниот договор за поделба на речните води меѓу соседите, јавува Ројтерс.

Суспендирањето на Договорот за водите на реката Инд и нејзините притоки, договорен од Светската банка во 1960 година, беше меѓу низата мерки што ги објави Индија против Пакистан минатиот месец по нападот на 22 април во кој загинаа 26 луѓе, претежно хинду туристи.

„Пакистан ќе мора да плати висока цена за секој терористички напад, пакистанската армија ќе ја плати, пакистанската економија ќе ја плати“, се закани Моди на јавен настан во северозападната држава Раџастан, која граничи со Пакистан.

Индија се повлече од договорот минатиот месец по нападот врз хиндуистичките аџии во Кашмир, за кој Делхи рече дека бил поддржан од Пакистан.

Исламабад негира дека стои зад нападот и соопшти дека подготвува меѓународна правна акција против раскинувањето на договорот, кој обезбедува вода за 80% од земјоделското земјиште во земјата.

Најнови вести од: Свет

Говедското месо во оваа земја поскапе за 150%, слабее и валутата

Иран се закани со одмазда против секоја земја што ќе се приклучи кон новата американска кампања за економски притисок врз Техеран, додека Вашингтон најавува потег што американскиот министер за финансии, Скот Бесент, го опишува како „најголема финансиска офанзива некогаш покрената против некој противник“.

To top