Свет

Индија речиси престана да увезува руска нафта по царините на Трамп

Тарифите на стоки од Индија, воведени од Доналд Трамп со цел да се прекине купувањето на руска нафта покажуваат резултати

oilprice.com/nayara

Тарифите на стоки од Индија, воведени од Доналд Трамп со цел да се прекине купувањето на руска нафта, заедно со санкциите на ЕУ против индиската рафинерија контролирана од „Роснефт“, доведоа до значително намалување на испораките на суровини во Индија.

Според податоците од „Кплер“ за следење на бродовите, цитирани од Блумберг, просечниот дневен извоз на сурова нафта од типот „Урал“ од руските пристаништа на Црното Море и Балтикот кон Индија паднал на 400.000 барели во август. Ова е значителен пад во споредба со просекот од 1,18 милиони барели дневно од почетокот на годината.

Во јуни и јули снабдувањето останало стабилно, околу 1,2 милиони барели дневно. Меѓутоа, во средината на август, ЕУ воведе санкции против Русија, вклучувајќи забрана за купување гориво преработено од руска нафта и ограничувања за индиската рафинерија „Најара енерџи“, трета по големина во земјата. „Најара“ е делумно во сопственост на „Роснефт“ и инвестицискиот фонд „Јунајтед капитал партнерс“ на Илја Шчербович. Како последица, партнерите почнаа да одбиваат испораки на суровини за оваа рафинерија. Дополнителен удар дојде од царините на Трамп, кој прво воведе тарифа од 25% на индискиот увоз во САД, а потоа ја удвои, барајќи прекин на купувањето руска нафта.

Според Блумберг, во август „Најара“ примила само четири пратки од рускиот „Урал“, а до крајот на месецот не се очекуваат нови испораки. Како резултат, рафинеријата обработувала само 94.000 барели дневно во август, што е историски минимум во споредба со речиси 366.000 барели дневно во третиот квартал од минатата година.

Дел од испораките на „Урал“ биле пренасочени кон кинески рафинерии, но Индија сè уште не успеала да надомести за изгубените количества. Кина главно купува други руски сорти на нафта од Далечниот Исток и Арктикот, но од август нејзините набавки на „Урал“ се зголемиле на 75.000 барели дневно. Ова е речиси двојно повеќе од просекот од 40.000 барели од почетокот на годината, но сè уште значително помалку од тековните купувања на Индија.

Трамп досега не покажал намера да воведе царини за Кина, што го потврдил по средбата со Владимир Путин во Алјаска во петокот. Мукеш Сахдев од „Ристад енерџи“ за „Москва тајмс“ изјавил: „Трамп е прагматичен и нема да преземе чекори за кои знае дека не може да ги оствари. Тој успеа да изврши притисок врз Индија, но врз Кина? Тоа е малку веројатно.“

Најнови вести од: Свет

Володимир Зеленски ја обвини Европа дека чека насоки од Доналд Трамп

Украинскиот претседател вели дека Европа е во „режим на Гренланд“ и треба да знае како да се одбрани, наместо да чека САД да дејствуваат. Украинскиот претседател Володимир Зеленски одржа говор на Светски економски форум во Давос, во кој остро ги критикуваше европските лидери поради, како што рече, неодлучност, одолговлекување и потпирање на САД во клучни безбедносни прашања.

Бриселски медиуми: Трамп ги спаси европските лидери од донесување тешки одлуки, инаку никогаш немаше да се договорат!

Американскиот претседател Доналд Трамп им ја олесни работата на европските лидери на денешниот неформален Самит во Брисел, на кој веројатно никогаш немаше да постигнат договор за жесток одговор кон Вашингтон по заканите за воведување царини и за преземање на Гренланд, оценуваат медиумите во Брисел.

Кај Солун се снимал додека возел со 304 км/ч на пат со ограничување од 90 км/ч! (Видео)

Покрај тоа што возел пребрзо, возачот самиот го снимал маневрирањето, што значи дека го вози возилото само со една рака, што предивикува дополнителна опасност. Снимката направена на пат кај Солун заврши на ТикТок. Како што се очекуваше, видеото се рашири молневито, привлекувајќи го вниманието на полицијата, која брзо го пронајде прекршителот и на крајот го фати.

To top