Свет

Иран го отвора Ормускиот теснец

Иранскиот министер за надворешни работи рече дека земјата ќе дозволи две недели „безбеден премин“ низ Ормутскиот теснец, доколку престанат нападите врз Иран

Иран дозволува минување низ Ормутскиот теснец 2 недели. Ова го изјави министерот за надворешни работи на режимот на ајатоласите, Абас Арагчи.

Иранскиот министер за надворешни работи рече дека земјата ќе дозволи две недели „безбеден премин“ низ Ормутскиот теснец, доколку престанат нападите врз Иран.

Тој посочи дека под овие услови, иранските вооружени сили ќе ги прекинат своите одбранбени операции, повикувајќи се на напорите за посредување на Пакистан.

Соопштението уследи по најавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Вашингтон ја прифатил општата рамка на иранскиот предлог од 10 точки како „работна основа за преговори“ и вети дека ќе престане да го бомбардира Иран доколку Техеран го отвори патот.

Иран се согласи на двонеделно примирје објавено од американскиот претседател Доналд Трамп со одобрение на новиот врховен лидер, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, објави Њујорк Тајмс, цитирајќи тројца неименувани ирански претставници.

Во написот се вели дека покрај напорите на Пакистан да посредува за примирје, Кина стапила во последен момент „за да покаже флексибилност и да ги смири тензиите“, истовремено изразувајќи загриженост за економските последици доколку Трамп ги исполни неговите закани за американски напади врз иранските енергетски локации и клучната инфраструктура.

Иранските власти, исто така, тврдеа дека новиот врховен водач Моxтаба Хамнеи – кој се уште не се појавил во јавноста откако беше именуван за наследник на неговиот татко – го одобрил примирјето.

Израел, исто така, ќе се приклучи на примирјето, објави Си-Ен-Ен, цитирајќи неименуван претставник на Белата куќа.

Трамп го одложи нападот врз Иран и прогласи примирје

 

Најнови вести од: Свет

Гасот ја засени нафтата, станува главен ризик за инфлацијата во Европа

Природниот гас ја престигна нафтата и стана најголемата грижа за трговците со европски обврзници, бидејќи намалените залихи на клучното гориво се закануваат повторно да ја поттикнат инфлацијата.

Германска банка под истрага, осомничена е за финансирање на еден од најголемите бордели во Европа

Германската регионална банка „Волксбанк Келн Бон“ е под истрага бидејќи во 2021 година одобрила кредит на кинескиот бизнисмен Ху Јинг за купување на еден од најголемите бордели во Европа, „Паша“ во Келн.

Катастрофални поплави меѓу Непал и Тибет: луѓе бегаат панично и огромна маса од вода и карпи се урива врз нив!

Најмалку 22 лица загинаа, а стотици се водат како исчезнати по разурнувачката поројна поплава, што денеска го погоди северен Непал, во близина на границата со Тибет.

To top