Свет

Иран нема да им дозволат на САД пристап до Ормускиот Теснец

На американските бази нема да им биде дозволено да се вратат на нивниот претходен статус во регионот

По заканата на американскиот претседател дека ќе го прогласи Ормускиот Теснец за американска територија, стигна реакција од Техеран.

Трамп најави прогласување на Ормускиот теснец за територија на САД

Одговарајќи на неговите забелешки, генерал-мајор Амир Хатами рече: „Шегувањето со такви забелешки е голема грешка, бидејќи ова е Иран и има бранители кои ќе ви ги скршат нозете“, пренесува „Индипендент“

Тој додаде дека американските сили „ефективно се истерани“ и дека повеќе немаат дозвола да влезат во Заливот, Оманското Море или Ормускиот Теснец.

Хатами, исто така, рече дека на американските бази нема да им биде дозволено да се вратат на нивниот претходен статус во регионот, додавајќи дека „Иран никогаш нема да го дозволи тоа“.

 

Најнови вести од: Свет

330 месеци затвор за планиран атентат врз Трамп

За време на судењето, осудениот тврдеше дека „немал друг избор“ освен да ги изврши наредбите, бидејќи лицето кое му давало упатства јасно ставило до знаење дека знае кои се членовите на неговото семејство во Иран и каде се наоѓаат

НАТО и Пентагон разговараат за можното повлекување на американските војници од Европа

Би можело да дојде до намалување на бројот од 80.000 американски војници кои моментално се стационирани на европскиот континент, а целта е да се поттикне Европа да преземе поголем ангажман, овозможувајќи ѝ на американската војска да се фокусира на своите глобални обврски.

Јапонските средношколци што учат македонски јазик во Токио добија вежбанки и книги

Учениците од здружението добиле работни тетратки за вежбање на македонскиот јазик, материјали од „Бушава азбука“, Македонски бајки, како и традиционални омијаге (сувенири) во вид на македонски чоколади и слатки, соопшти Јапонската амбасада

To top