Свет

Иранскиот парламент изгласа затворање на Ормуцкиот теснец, се чека одобрение од Ајатолахот

Парламентот на Исламската Република Иран донесе одлука да се затвори Ормуцкиот теснец, преку кој поминуваат околу 20 проценти од светските потреби за нафта и гас. Одлуката, сепак, не е извршна и ќе чека потврда од Иранскиот врховен совет за национална безбедност, со кој, според Уставот, претседава претседателот на државата. Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али […]

Парламентот на Исламската Република Иран донесе одлука да се затвори Ормуцкиот теснец, преку кој поминуваат околу 20 проценти од светските потреби за нафта и гас.

Одлуката, сепак, не е извршна и ќе чека потврда од Иранскиот врховен совет за национална безбедност, со кој, според Уставот, претседава претседателот на државата.

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, го избира секретарот на Советот, чии одлуки стапуваат во сила откако ќе ги потврди врховниот лидер.

Пратеникот и командант на Иранската револуционерна гарда, Есмаил Косари, изјави дека затворањето на Орумцкиот теснец е на дневниот ред и ќе биде направено кога ќе биде неопходно.

За локалните медиуми тој изјави дека се разгледува затворањето на теснецот и оти Иран ќе ја донесе најдобрата одлука за тоа прашање.

Ормуцкиот теснец е клучна трговска маршрута за светот, бидејќи една петтина од светската нафта поминува низ тој мал морски теснец, заедно со толкаво количество течен нафтен гас (ЛПГ), што го прави најважен транзитен пункт за нафта во светот.

Трговецот Герит Хајнемам изјави за „Билд“ дека, ако Иран реши да го затвори теснецот, последиците ќе бидат катастрофални.

„Тоа би било полошо од коронавирусот и од Путин заедно! Втората епизода на континуираната криза би била дури и потешка од тоа што го преживуваме од почетокот на војната во Украина и за време на кризата со коронавирусот. Катастрофа! Голем дел од глобалните синџири за снабдување минуваат низ наведената област. Тоа не само што има драматично влијание врз енергетските испораки, туку и врз текот на стоките. Наеднаш сите кризи што тукушто ги надминавме ќе се вратат – енергетската криза, инфлацијата, прекинатите синџири на испорака и сега опасноста од масовна невработеност“, објаснува Хајнеман.

Најнови вести од: Свет

Футуристички пиштол без звук и чад: Кина ја откри новата електромагнетна технологија

Кина официјално го претстави компактното електромагнетно оружје во облик на пиштол, кое е способно да ги онеспособи целите без смртоносна сила кога е потребно, или да ослободи значително поголема моќност доколку ситуацијата го бара тоа.

Светско предупредување: Војната ја турка инфлацијата кон 7%?!

Шефицата на ММФ се осврна и на фискалната политика, предупредувајќи дека владите мора да бидат внимателни да не ја комплицираат дополнително работата на централните банки со своите потези. Претставниците на ММФ, рече таа, веќе работат со поединечни влади на пакети за фискална поддршка кои треба да бидат привремени и јасно временски ограничени.

ММФ предупредува: Блискиот Исток може да предизвика нов шок за глобалната економија

Меѓународниот монетарен фонд предупредува дека конфликтите на Блискиот Исток ќе го забават глобалниот раст, ќе ги зголемат цените на енергенсите и ќе влијаат на инфлацијата и финансиската стабилност.

To top