Свет

Истече европскиот ултиматум до Путин: Што е следно?

Ултиматумот на Европската Унија до Путин и Русија да се согласат на 30-дневен прекин на огнот или да се соочат со значително поголеми санкции истече на полноќ. Русија досега не се огласи. Планот на Украина, ЕУ и САД за 30-дневно примирје беше поддржан и од Кина. Сега европските лидери се подготвени да почекаат можна средба […]

Ултиматумот на Европската Унија до Путин и Русија да се согласат на 30-дневен прекин на огнот или да се соочат со значително поголеми санкции истече на полноќ.

Русија досега не се огласи.

Планот на Украина, ЕУ и САД за 30-дневно примирје беше поддржан и од Кина.

Сега европските лидери се подготвени да почекаат можна средба меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин во Истанбул пред да извршат притисок врз САД да воведат нови санкции врз Москва, соопштија извори запознаени со ова прашање.

По разговорите меѓу американските и европските претставници во понеделникот, беше јасно дека американската страна сака да го олесни состанокот меѓу Русија и Украина, закажан за четврток, пред да го зголеми притисокот врз Путин.

Доколку Путин одбие да се сретне со Зеленски или ако Русија не се согласи на итен и безусловно примирје во четврток, европските лидери се подготвени да го повикаат претседателот Доналд Трамп да ја спроведе својата претходна закана и да воведе санкции врз Москва, додадоа изворите. Кремљ сè уште не објави дали Путин ќе учествува на состанокот.

Михајло Подољак, советник во кабинетот на украинскиот претседател, во емисијата „The Breakfast Show“ изјави дека Зеленски ќе се сретне во Истанбул само со рускиот претседател Владимир Путин.

На прашањето дали е можно Зеленски да се сретне со други руски претставници, Подољак одговори:

„Секако дека не“.

Најнови вести од: Свет

Гасот ја засени нафтата, станува главен ризик за инфлацијата во Европа

Природниот гас ја престигна нафтата и стана најголемата грижа за трговците со европски обврзници, бидејќи намалените залихи на клучното гориво се закануваат повторно да ја поттикнат инфлацијата.

Германска банка под истрага, осомничена е за финансирање на еден од најголемите бордели во Европа

Германската регионална банка „Волксбанк Келн Бон“ е под истрага бидејќи во 2021 година одобрила кредит на кинескиот бизнисмен Ху Јинг за купување на еден од најголемите бордели во Европа, „Паша“ во Келн.

Катастрофални поплави меѓу Непал и Тибет: луѓе бегаат панично и огромна маса од вода и карпи се урива врз нив!

Најмалку 22 лица загинаа, а стотици се водат како исчезнати по разурнувачката поројна поплава, што денеска го погоди северен Непал, во близина на границата со Тибет.

To top