Свет

Израел до Хамас: Прифатете прекин на огнот или ќе ве уништиме

Израел го повика палестинското исламистичко движење Хамас да го прифати предлогот на САД за прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците или ќе се соочи со „уништување“. Израел се соочува со растечки меѓународен притисок поради војната во Појасот Газа и хуманитарната ситуација на палестинската територија. Израелската војска неодамна ги интензивираше воените операции во […]

Израел го повика палестинското исламистичко движење Хамас да го прифати предлогот на САД за прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците или ќе се соочи со „уништување“.

Израел се соочува со растечки меѓународен притисок поради војната во Појасот Газа и хуманитарната ситуација на палестинската територија.

Израелската војска неодамна ги интензивираше воените операции во Газа со цел да ја преземе контролата врз целата палестинска територија и да ги ослободи преостанатите заложници што сè уште се држат таму.

Вчера вечерта, израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека војската ги продолжува своите операции „со полна сила“, додека „го евакуира локалното население од секоја борбена зона“.

„Убијците на Хамас сега ќе мора да изберат: да ги прифатат условите од „Договорот од Виткоф“ за ослободување на заложниците – или да бидат збришани“, рече Кац, осврнувајќи се на предлогот за прекин на огнот од американскиот пратеник за Блискиот Исток, Стив Виткоф.

Во четврток вечерта, портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, објави дека Израел одобрил нов предлог за прекин на огнот од страна на САД, но сè уште не одговорил формално.

Малку подоцна, Басем Наим, еден од протераните лидери на Хамас, за АФП изјави дека предлогот не ги исполнува барањата на движењето, бидејќи „тој во суштина значи продолжување на окупацијата, продолжување на убиствата и гладот“.

Според извор близок до Хамас, движењето го осудува недостатокот на гаранции во врска со продолжувањето на разговорите за време на прекинот на огнот, со цел постигнување траен прекин на огнот.

Реагирајќи на ставот на Хамас, израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен Гвир, кој се спротивставува на каков било компромис од почетокот на војната, во петокот ја повика владата да употреби „цела потребна сила“ за да го елиминира Хамас.

Најнови вести од: Свет

Обединети Арапски Емирати: Сопилотот на „Флај Дубаи“ го нападнал пилотот со секира, се обидел со „терористички“ напад

Копилотот на летот FZ1073 на „Flydubai“ се обиде да изврши „терористички“ напад за време на летот, изјави во саботата главниот обвинител на Обединетите Арапски Емирати, објави државната новинска агенција WAM.

ЕУ воведува нов вид бензин – Е20, горивото треба да го намали европскиот увоз на нафта

Не е сосема јасно кои возила се прилагодени за E20. Се претпоставува дека повеќето современи бензински мотори би можеле да го користат без тешкотии, а за некои понови модели на BMW веќе има одобренија за поголеми пропорции на етанол.

Осуденичка на смрт преживеа обид за погубување откако ѝ беа дадени две смртоносни дози

Повеќе од 40 минути по втората доза, таа сè уште покажувала знаци на живот, по што била пренесена во болница, а нејзините адвокати тврдат дека нов обид за егзекуција би покренал прашања во врска со забраната за сурови и необични казни, содржана во Осмиот амандман од америкнскиот устав

To top