Свет

Израел сака да ги пресели Палестинците во Африка

Израелскиот премиер уште минатиот месец изјави дека Израел е во контакт со неколку земји за да најде дестинација за Палестинците кои сакаат да ја напуштат Газа

Јужен Судан и Израел разговараат за договор за преселување на Палестинците од Газа, разорена од војна, во проблематичната африканска нација, објави Ројтерс, повикувајќи се на извори.

Планот брзо беше отфрлен како неприфатлив од страна на палестинските лидери.

Не е постигнат договор, но разговорите меѓу Јужен Судан и Израел продолжуваат.

Васел Абу Јусеф, член на извршниот комитет на Организацијата за ослободување на Палестина (ПЛО), рече дека палестинското раководство и народ „отфрлаат каков било план или идеја за преселување на кој било од нашите луѓе во Јужен Судан или на кое било друго место“.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху овој месец изјави дека има намера да ја прошири воената контрола во Газа, а неделава ги повтори предлозите Палестинците доброволно да ја напуштат територијата.

Арапските и светските лидери ја отфрлија идејата за преместување на населението на Газа во која било земја.

Палестинците велат дека тоа би било како уште една „Накба“ (катастрофа) кога стотици илјади избегаа или беа принудени да заминат за време на арапско-израелската војна во 1948 година.

Премиерот Нетанјаху изјави дека „ние не ги туркаме, туку им дозволуваме да заминат“.

Израелскиот премиер уште минатиот месец изјави дека Израел е во контакт со неколку земји за да најде дестинација за Палестинците кои сакаат да ја напуштат Газа. Тој постојано одбива да даде дополнителни детали.

Најнови вести од: Свет

Расте цената на енергијата, компаниите го губат оптимизмот – Нов економски притисок врз Европа

Економијата на еврозоната продолжува да расте, но со забавено темпо, додека повисоките трошоци за енергија и финансирање создаваат дополнителен притисок врз компаниите и потрошувачката. 

Чувајте дома храна за 3 дена, заедно со ќебиња, готовина, батериска ламба…

Кампањата „Биди подготвен“ (Be Ready) ги поттикнува граѓаните да направат залихи што ќе им овозможат да преживеат 72 часа без пристап до стандардните услуги и комунални добра, а иницијативата е покрената како одговор на растечката загриженост на властите во врска со последиците од климатската криза, зависноста од технологијата и заканите од непријателски настроени држави

Мерц со порака до Западниот Балкан: Ослободете се од минатото, ако сакате иднина во ЕУ!

Германскиот канцелар Фридрих Мерц повика земјите од Западен Балкан да не останат заробени во минатото, предупредувајќи дека поделбите и поларизацијата не придонесуваат за изградба на подобра европска иднина. Според Мерц, застојот во дијалогот меѓу Приштина и Белград го кочи целиот регион, поради што е неопходен итен напредок.

To top