Свет

Израел забрани приод до центрите за дистрибуција на храна во Газа

Центрите за дистрибуција на храна и помош во Појасот Газа ќе бидат привремено затворени денес, соопшти нова агенција поддржана од САД, а израелската војска предупреди дека патиштата што водат до дистрибутивните точки „се сметаат за борбени зони“. Дваесет и седум лица беа убиени вчера во јужна Газа кога израелските трупи отворија оган во близина на […]

Центрите за дистрибуција на храна и помош во Појасот Газа ќе бидат привремено затворени денес, соопшти нова агенција поддржана од САД, а израелската војска предупреди дека патиштата што водат до дистрибутивните точки „се сметаат за борбени зони“.

Дваесет и седум лица беа убиени вчера во јужна Газа кога израелските трупи отворија оган во близина на еден од центрите управувани од Хуманитарниот фонд за Газа (GHF), поддржан од САД.

Израел неодамна ја олесни блокадата на палестинската енклава, но ОН предупредува дека целото население останува во опасност од глад.

Советот за безбедност на ОН денес ќе гласа за резолуција со која се повикува на прекин на огнот и хуманитарен пристап до Газа, мерка на која се очекува САД да стават вето.

GHF соопшти дека „дистрибутивните центри ќе бидат затворени за реновирање, реорганизација и подобрување на ефикасноста“ денес и ќе продолжат со работа утре.

Израелската војска, која го потврди привременото затворање, предупреди да не се патува по „патишта што водат до дистрибутивни центри, кои се сметаат за борбени зони“.

GHF, официјално приватен потфат со нетранспарентно финансирање, започна со работа пред една недела, додека ОН и главните хуманитарни групи одбија да соработуваат со него поради загриженост дека служи за израелски воени цели.

По смртоносниот инцидент во вторникот во близина на еден од центрите на GHF, генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, го осуди како неприфатливо убивањето на Палестинци кои бараат храна.

Најнови вести од: Свет

Америка одбележува 25 години од нападот врз кулите близначки

Официјалниот број на загинати изнесува 2.977 лица, не сметајќи ги 19-те киднапери. Жртвите биле државјани на 90 земји. Меѓу загинатите имало 343 пожарникари, како и полицајци и припадници на други служби за итни интервенции

Русија изгуби сто пати повеќе војници во Украина отколку во Авганистан

Според податоците објавени од Генералштабот на вооружените сили на Украина на 9 септември, загубите во рускиот воен персонал од почетокот на целосната инвазија врз Украина надминаа 1,5 милиони загинати и ранети

To top