Свет

Израелски министер се закани дека „ќе го убие Хамнеи“

На врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, „веќе не може да му се дозволи да постои“ откако израелската болница Сокоро беше погодена во ирански ракетен напад, се закани израелскиот министер за одбрана. Во разговор со новинарите во близина на Тел Авив, министерот Израел Кац наводно рекол: „Хамнеи отворено изјавува дека сака Израел да биде уништен, […]

На врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, „веќе не може да му се дозволи да постои“ откако израелската болница Сокоро беше погодена во ирански ракетен напад, се закани израелскиот министер за одбрана.

Во разговор со новинарите во близина на Тел Авив, министерот Израел Кац наводно рекол: „Хамнеи отворено изјавува дека сака Израел да биде уништен, тој лично дава наредба за пукање врз болниците“, пренесе Јерусалем пост

„Тој (Хамнеи) смета дека уништувањето на државата Израел е цел… На таква личност повеќе не може да ѝ се дозволи да постои“.

Кац директно се закани дека ќе го убие иранскиот ајатолах Али Хамнеи како одговор на иранските балистички ракети што го погодија Медицинскиот центар Сорока во Бершеба.

Кац рече: „Хамнеи ќе плати за своите злосторства“.

Министерот за одбрана додаде дека Израел сега ќе започне со напади врз нови видови стратешки цели во Иран „со цел да ги отстрани заканите што висат над Државата Израел и да го разниша режимот на ајатолахот“.

Претходно, иранските државни медиуми објавија дека главната цел на ракетниот напад утрово била воена локација веднаш до болницата Сорока, а не самата болница.

Најнови вести од: Свет

Над 64 мртви и 80 повредени во страотниот судар на двата воза во Шпанија, во кои имало 544 патници (Видео)

Најмалку 64 лица загинаа во судирот на два воза што се случи утрово во градот Урда, во покраината Толедо, на линијата Мадрид-Севиља, соопшти Службата за цивилна заштита на Кастиља-Ла Манча, јавија европски медиуми, меѓу кои и Дојче веле. 

To top