Свет

Канада му се извини на Трамп за рекламата со Роналд Реган

Како одговор, Трамп објави дека ги зголемува царините за канадска стока, Вашингтон ги прекина трговските разговори со Отава

Канадскиот премиер Марк Карни изјави дека му се извинил на американскиот претседател Доналд Трамп за политичката реклама насочена кон Американците, која го налути американскиот лидер, објави Ројтерс.

„Му се извинив на претседателот“, рече Карни.

Трамп се налути: Ги подига царините за Канада

Како одговор, Трамп објави дека ги зголемува царините за канадска стока. Вашингтон, исто така, ги прекина трговските разговори со Отава.

Неговата одлука дојде во услови на тензии во билатералните економски односи.

Порано оваа година, Трамп воведе царини за канадски челик, алуминиум и автомобили, на што Отава одговори со реципрочни мерки.

Двете земји во последните недели водеа разговори за постигнување договор во секторите за челик и алуминиум.

Најнови вести од: Свет

Тројца добитници ја делат Нобеловата награда за медицина

Nаучниците Карл Дајсерот, Петер Хегеман и Георг Нагел за развојот на оптогенетиката, метод што им овозможи на научниците прецизно да ја контролираат активноста на одредени нервни клетки во мозокот со помош на светлина

Холдер: Американски интерес е Македонија да се приклучи кон ЕУ

Идниот амбасадор одговори потврдно на прашањето на член на член на Комитетот за надворешни работи на Сенатот за време на сослушувањето дека во американски интерес е Македонија да успее да се приклучи кон ЕУ

Трамп: Знам повеќе за сè од кој било друг во светот

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го привлече вниманието на јавноста со невообичаено фалење на предизборен митинг во Алабама, во пресрет на претстојните избори на средината на мандатот, тврдејќи пред собраните поддржувачи дека знае повеќе за сите можни теми од кој било човек во светот.

To top