Свет

Кремљ: Вежбите на НАТО во Балтикот се подготовка за можен воен конфликт со Русија

Воените вежби на НАТО во балтичкиот регион се дел од подготовките на алијансата за можен воен конфликт со Русија, изјави рускиот заменик-министер за надворешни работи Александар Грушко, како што објави новинската агенција ТАСС. „Ја оценуваме воената активност на НАТО како дел од подготовките за воени конфликти со Русија“, го цитираше Грушко, ТАСС. Овој месец се […]

Воените вежби на НАТО во балтичкиот регион се дел од подготовките на алијансата за можен воен конфликт со Русија, изјави рускиот заменик-министер за надворешни работи Александар Грушко, како што објави новинската агенција ТАСС.

„Ја оценуваме воената активност на НАТО како дел од подготовките за воени конфликти со Русија“, го цитираше Грушко, ТАСС.

Овој месец се одржува BALTOPS 25 – годишната воена вежба на НАТО во Балтичкото Море и околните региони.

Овогодинешната BALTOPS 25 е најголемата годишна поморска воена вежба на НАТО во Балтичкиот регион, која се одржува од 3 до 20 јуни 2025 година.

Во вежбата учествуваат околу дваесет земји, повеќе од 40 бродови, 25 авиони и приближно 9.000 припадници на вооружените сили.

Вежбата се спроведува на широка област на јужниот Балтик, од Данскиот Проток и Јитландскиот Полуостров до Гдањскиот Залив, и вклучува боево гаѓање на поморски полигони.

BALTOPS 2525 дополнително ја зајакнува интероперабилноста и подготвеноста на сојузниците на НАТО и ја демонстрира заедничката способност за одбрана и зачувување на слободата на навигација во регионот, особено во годината кога НАТО ја слави својата 75-годишнина.

Најнови вести од: Свет

Тајландски функционер убиен во неговата канцеларија од поранешен пратеник

Вооружен човек уби тајландски функционер во канцеларија на локалната самоуправа на периферијата на главниот град Бангкок во понеделникот, соопштија властите, неколку дена откако пукањето во училиште во истата покраина повторно ја разгоре дебатата за контрола на оружјето.

Дали британскиот премиер ќе поддржи создавање „Европска конфедерација“ што би ја вклучила и Македонија?!

Британскиот премиер Енди Бернам доби предлог од поранешен член на Конзервативната партија во оваа земја, за создавање „Европска конфедерација“ во која би била вклучена и Македонија.

Најголемата канадска провиција сака да е „отцепи“ и да стане дел од САД

Баба на четири деца, вели дека се приклучила на движењето за да ги заштити своите внуци од глобалните елити и нивниот наводен план за „нов светски поредок“. Таа не му верува на канадскиот премиер Марк Карни, но му верува на Доналд Трамп

САД и Кина во трка за освојување на јужниот пол на Месечината

Ривалството меѓу САД и Кина се префрла во вселената, каде што двете сили ја засилуваат трката за освојување на јужниот пол на Месечината и за воспоставување трајно човечко присуство надвор од Земјата.

To top