Свет

Кубилиус: Не ја блокирајте Македонија поради историски спорови

Сосема е неприфатливо земјите од Европската Унија да се обидуваат да ги решат историските спорови со блокирање на преговорите со земјите-кандидатки

 

 

Ова го изјави еврокомесарот за одбрана, Ендрју Кубилиус, на заедничкиот состанок во Брисел на делегацијата на Европскиот парламент (ЕП) за односи со НАТО и Парламентарното собрание на алијансата, цитиран од „24 часа“.

Еврокомесарот одговори со овие зборови на прашање од претставник на Македонија  поврзано со односите меѓу Софија и Скопјe, како и извештајот за напредокот на РСМ усвоен минатата недела од страна на ЕП, пренесува Њуз.бг

Кубилус истакна дека кога бил европратеник, учествувал во подготовката на извештај за стратегијата за проширување на ЕУ. Тој истакна дека според овој документ, проширувањето би можело да се заврши до 2030 година.

„Сè уште верувам дека ова може да се случи“, рече тој. Тогаш предложивме ваквите спорови да се решат на друг начин, а не со блокирање на преговорите.

За жал, ова сè уште се случува и е неправедно кон кандидатите“, рече европскиот комесар.

Во Централна и Источна Европа знаеме дека во 20 век доживеавме ужасни времиња, границите се менуваа, малцинствата беа на различни места. Овие настани оставија многу лузни, резимираше Кубилиус.

Најнови вести од: Свет

Израелски министер: Палестинците мора да се иселат од Газа

Министерот за одбрана на Израел тврди дека нема трајно решение за Газа без масовен егзодус на населението и рече дека израелската држава е подготвена да организира заминување на Палестинците по море, воздух и други средства

To top