Свет

Лаен ја покани Канада да се приклучи кон ЕУ како прва придружна членка

Претседателката на Европската комисија Урсула Лаен нагласи дека Канада и ЕУ мора „итно да ги редефинираат“ своите односи. „Затоа сакам да соработувам со вас за да ја отвориме вратата за Канада да стане првата придружна членка на ЕУ“, му рече таа на канадскиот премиер Марк Карни, кој во моментов води еден вид трговска војна со администрацијата на Трамп.

Европската Унија никогаш не била посилна, но во исто време е во најнесигурна позиција досега, потенцира претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во нејзиниот годишен говор за состојбата на Унијата. Тој  говор за состојбата на Унијата беше следен  од специјален гостин, канадскиот премиер Марк Карни. Неговата посета доаѓа во време кога Канада се стреми да ги зајакне врските со ЕУ, особено во областите на одбраната, дигиталната регулатива и трговијата, во услови нанапнатост со САД под администрацијата на Доналд Трамп. Карни утре ќе се обрати пред Европскиот парламент.

Фон дер Лаен истакна дека Европа и Канада веруваат во демократијата и принципот дека моќта не им припаѓа на најсилните, најбогатите и најгласните, туку на сите, како и во слободата на демократските општества сами да изберат со кого ќе соработуваат. Таа објави дека ЕУ сака да го крене партнерството со Канада на највисоко можно ниво. „Ќе работиме заедно за да ја отвориме вратата за Канада да стане првата придружна членка на Европската Унија“, рече таа. Нејзиниот предлог беше проследен со овации простум.

Лаен додаде дека ова не е партнерство насочено против никого, туку е партнерство за заедничка сила.

„Нетпрес“

Најнови вести од: Свет

Ле Пен: Урсула Лаен ја изгуби довербата на европските влади, во прашање е нејзиниот опстанок на чело на ЕУ!

Марин Ле Пен, една од водечките личности на француската партија Национално собирање и кандидатка за претседател на Франција, изјави дека претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен, повеќе нема доверба кај многу влади на земјите-членки на Европската унија. Според Ле Пен, со тоа се доведува во прашање политичкиот опстанок на Лаен на чело на извршната власт на ЕУ.

Украинец, засега, единствен обвинет за подметнатите експлозии

Германските обвинители тврдат дека делата за кои се товари Серхиј К. – имено, напади врз цивилни цели и предизвикување експлозии што уништиле инфраструктурни објекти и го попречиле функционирањето на јавните услуги – би можеле да се класифицираат како воени злосторства

To top