Свет

Лавров го пофали Трамп за мировните напори во Украина

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, го пофали поранешниот американски претседател Доналд Трамп за неговата заложба за постигнување траен мир во Украина

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, го пофали американски претседател Доналд Трамп за неговата заложба за постигнување траен мир во Украина, додека истовремено ги критикуваше европските лидери за нивниот пристап кон конфликтот.

Во изјава за државната телевизија Росија 24, Лавров зборуваше за средбата меѓу Трамп и рускиот претседател Владимир Путин на Алјаска, опишувајќи ја атмосферата како „исклучително позитивна“.

„Се гледаше дека американскиот лидер и неговиот тим се искрено посветени на постигнување долгорочно, стабилно и сигурно решение“, истакна Лавров.

Овие коментари доаѓаат по изјавата на Трамп од претходниот ден, во која тој нагласи дека прекинот на огнот не е задолжителен услов за постигнување мировен договор во тековниот конфликт меѓу Русија и Украина.

Од друга страна, Лавров остро ги осуди европските лидери, обвинувајќи ги дека нивниот фокус е ограничен на барање за прекин на огнот, по што продолжуваат да ја вооружуваат Украина, според неговите зборови.

Најнови вести од: Свет

Зошто горивото во Германија е поскапо од остатокот на Европската Унија?!

Цените на горивата растат низ цела Европа поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток, но Германија се издвојува со значително повисоки поскапувања од просекот на Европската Унија. Бензинот таму поскапел за околу 5 проценти, што е двојно повеќе од повеќето соседни земји. Главната причина не е само глобалниот раст на цената на нафтата, туку структурата на самата цена во Германија.

Лорд Рикетс до Трамп: НАТО не е за секоја војна што САД ја започнува

Американскиот претседател Доналд Трамп остро ги критикуваше членките на НАТО откако повеќето од нив одбија да се приклучат на предложената поморска коалиција за обезбедување на слободниот проток низ Ормутскиот теснец – стратешкиот теснец низ кој пред ескалацијата на конфликтот минуваше околу 20 отсто од светската нафта.

Мицкоски на Конгрес на Европската народна партија

Од партијата истакнуваат дека присуството на Конгресот ја потврдува определбата на  Македонија за европска интеграција и обезбедува можност за билатерални средби со претседатели, премиери и лидери од семејството на Европската народна партија

To top